08.10.2021
Падна првиот снег на Пелистер
Падна првиот снег на Пелистер
Ова не е приказна која сте навикнати да ја прочитате на Кајак.мк, ова е едно навестување дека ќе имаме добра зима со многу снег и снежни активности. За луѓето кои се скијачи и бордери, тимот на Кајак.мк има супер вест!
Според метео прогнозите и разговор со оние кои го следат и времето дури и за земјоделски прогнози, се очекува барем за скијачите и бордерите квалитетна зима со повеќе снег и студени периоди.

Фотографиите кои ги споделуваме се направени од Стефан Петровски и целиот тим кој е дежурен на Антена, на Пелистер.
Температурите на нашата Баба планина со врвот Пелистер достигнуваат и до -3 степени целзиусови, а токму тие ни го донесоа и првиот есенски снег за оваа 2021 година! Според прогнозите ниските температури ќе се задржат и понатаму што значи дека снегот ќе продолжи да паѓа.

Овде ви го поставуваме прашањето: Што би сакале да резервирате: Викендица на Берово со прекрасен поглед кон браната и чајче во рака или пак сакате да престојувате на Баба и да се искачите на Антена?
Што и да одберете нема да згрешите! Доволно е да кликнете ОВДЕ и да ги погледнете сите сместувачки капацитети кои ги имаме на Кајак.мк
Фото: Стефан Петровски
Делумен извор на текст: babambitola.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.