26.06.2021
Влашка куќа со пространа дневна соба која нуди поглед кон цело Крушево
Влашка куќа со пространа дневна соба која нуди поглед кон цело Крушево
Во базата на
Кајак.мк од денеска е присутна етно вилата на домаќинката Мери која за нас вели
дека еден добро поминат викенд во Крушево, може да ви ги наполни батериите за
поефикасна работна недела.
Вилата со која таа домува има комплетно опремени апартмани, а исто така има и цел спрат од 150 квадрати во кој има три соби за спиење, голема дневна соба, кујна со трепезарија и 2 купатила.

Вилата се наоѓа на 2 минути од центарот на Крушево. Ова крушевска влашка куќа е дизајнирана и опремена во старински стил со украси и предмети кои ги користеле нашите предци.

Вилата го доловува автентичниот амбиент на стара влашка куќа која е приспособена за сегашните потреби на гостите.

Она што можеби
треба да го истакнеме е фактот дека вилата дозволува влез на домашни миленици,
така што туристите кои патуваат преку Кајак.мк ова ќе им биде една добра вест за
уште една дестинација која може да ја посетат.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.