22.02.2023

Предлог викенд дестинација: Станечки водопад

Предлог викенд дестинација: Станечки водопад

Со доаѓањето на пролетта, тимот на Кајак.мк чувствува обврска да ве запознае со повеќе дестинации во Македонија, кои може да ви го исполнат слободното време со активности во природа.

Честопати ќе го прочитате изразот „Активен туризам“ со кој Кајак.мк се служи се со цел да ви даде до знаење дека здравиот начин на живеење и позитивната енергија се во коренот на активниот туризам за кој Македонија има огромен потенцијал.


Македонија е планинска земја, има прекрасни дестинации кои се резултат на природата и опкружувањето, а исто така има и вкусна традиционална храна. Активните дестинации и здравата храна се совршена комбинација за оние кои сакаат здрав начи на живеење. Затоа во периодот кој ни престои ќе споделиме доста совети за тоа како да го искористите слободното време со активности во природа и како по активностите да се наградите себеси со добар ручек во локален ресторан или домаќинство.

Денешната предлог дестинација е во регионот на Крива Паланка каде ни се наоѓа Станечкиот водопад.


Водопадот е одлична причина која треба да ве поттикне да го искористите слободниот викенд со активности во природа. Се наоѓа на Козја Река во близина на селото Станци на 8 километри од Крива Паланка. До самото село Станци има асфалтен пат кој е долг 5 километри, а потоа се продолжува по патека која води покрај Козја Река и по 3 километри или 30 минити пешачење низ прекрасна природа се пристигнува до големиот Станечки водопад кој е на надморска височина од 1160 метри и има вода во текот на цела година.


Водопадот е висок 11 метри што е најголем водопад на Осовоските планини. Водопадот истекува во голем природен базен кој се создава од постојаното течение. Теренот до водопадот е релативно достапен и опколен со густа букова шума.

Посетата на Станечкиот водопад можете да ја искомбинирате со посета на рестораните кои се наоѓаат на Калин Камен, а кои можете да ги погледнете и резервирате преку базата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Не ја пропуштајте можноста да уживате во природата. Ова е идеална комбинација за цело ваше семејство, пријатели или колегијално патување. Доколку сте поголема група, тимот на Кајак.мк ви е на располагање да ви организира еднодневна тура до водопадите со ручек на Калин Камен. Барање за групна организација можете да ни испратите со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Posetitel VoStanci

    27.02.2023 21:14

    Samo da dodadam deka nema jasno oznaceni patokazi do vodopadite i mozno e da zalutate kako mene so uste trojca prijateli pred nekolku godini koga probavme da odime pokraj rekata nagore i stignavme do kjor-sokak.

Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа

Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.