14.02.2022
Шаренолик апартман во Крушево достапен за резервации
Шаренолик апартман во Крушево достапен за резервации
Авантуристите кои
постојано трагат низ светот на Кајак.мк отсекогаш барале сместувања кои ќе им
ги задоволат нивните потреби, ќе им ги овозможат основните услови за престој, а
сепак ќе им заштедат на џебот.
Таквите луѓе ние ги нарекуваме дигитални номади, бидејќи не отстапуваат слободен викенд, а да не скршнат до некое скривалиште кое е дел од платформата.

Денеска ви споделуваме
уште две среќни вести, првата е тоа дека „Апартман Матеј“ се дел од светот на
Кајак.мк, а втората вест е дека ова сместување има цена која може да си ја
дозволи скоро секој патувач.
Ниската цена не значи дека ќе добиете помалку на квалитет. Напротив! Апартманот Матеј е ново отворено сместување во Крушево, кое е модерно скоцкано и ги нуди сите потребни услови за еден добар одмор.

Апартманот има
сопствен влез и голем двор каде во дворот има масичка и столчиња. Се наоѓа во
центарот на Крушево, а домаќинката Севде вели дека сместувањето е во близина на
центарот на градот.
Крушево е град идеален
за посета во текот на целата година. Особено ако сте љубители на активниот
туризам, во моментот може да уживате на ски центарот или пак на пролет може да
уживате во активниот туризам како пешачење, планинарење, атв искуство, јавање
коњи, параглајдинг, кајакарење и ред други активности.
Доколку сакате да
погледнете повеќе фотографии, информации и контакт за резервација тогаш
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.