29.07.2022
Во Македонија постои „Рајот“ и тој се наоѓа на југот во државата
Во Македонија постои „Рајот“ и тој се наоѓа на југот во државата
Месец Август го нарекуваме метеж во туристичкиот сообраќај, но затоа септември и октомври се иделни месеци кога треба да го посетите малиот скриен рај во Македонија. На само 15 минути од село Миравци, во падините на Кожуф ќе го најдете излетничкото место именувано како „Бел Рај“. Ова атракција од денеска е дел од Кајак.мк во базата на „Каде Овде“. Нашиот тим по долгото размислување дали да го додаде ова исклучително шармантно место во категоријата на Гастрономија или во категоријата на Атракции, одлучи истото да завшри како атракција од повеќе причини.
Самиот пат кој води до „Бел Рај“ е авантура сама по себе. Ви препорачуваме да бидете внимателни со вашиот автомобил бидејќи наместа патото е тесен и е потребна поголема концентрација при возењето.
Со самото пристигнување на локацијата ќе наидете на стар мост за кој се вели дека е изграден за време на отоманското владеење. Мештаните го нарекуваат „Бел Мост“, а во непосредна близина на мостот има изградено ресторан кој го добива името „Бел Рај“.
Штом го поминете мостото од вашата десна страна ќе ве дочека една прекрасна глетка кон вир кој е резултат на реката која тече под мостот. На самата река се наоѓаат два вира кои се вистинска атракција за туристите, а редовни летни природни базени за локалното население.
Во висока сезона проблем претставува паркингот и гужвата која се создава од масовноста на туристите, но затоа пак, септември е месец кога треба да појдете овде.
Од самите почетоци на неговото работење „Бел Рај“ стана омилено место на луѓето со слободен дух, авантуристите, планинарите, велосипедистите и музичарите. Видеозаписот на „Слободен“ која е песна на познатата група „Ареа“ е снимен токму на ова локација. Покрај Ареа, на ова локација гостувале многу други музички имиња.
Што може да се виде во околината на „Бел Рај“:
-Брана „Калица“
-Брана „Габрово“
Договорете локални жители да ви организираат велоспедска тура!
Локални специјалитети кои може да ги најдете во селото:
-Смокви (Сезонски)
-Калинки (Сезонски)
- Локален Ајвар (Сезонско)
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?
Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа
Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.