30.08.2023

Хотелот и ресторан Царевоселски привлекува туристи во срцето на Делчево

Хотелот и ресторан Царевоселски привлекува туристи во срцето на Делчево

Ако некогаш сте посакале да ја посетите и истражувате планината Голак која се издига над градот Делчево, тимот на Кајак.мк ве информира дека токму во градот Делчево вие можете да резервирате престој за вас и цело ваше друштво.


Ако зборуваме пак за организирање на тим-билдинг настани за мали компании, тогаш хотелот Царевоселски има капацитет да смести 30 гости истовремено.

Денеска разговаравме со домаќините на хотелот и ресторанот, кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк и ни овозможија нашата база со сместувања да се надополни со уште еден уникатен хотел кој се наоѓа на самиот брег на реката Брегалница.


Идеално сместување за парови, за семејства или поголеми фамилии. Идеално сместување и за колегијални патувања и семинари. Самото хотелче нуди прекрасен поглед кон реката Брегалница, а на самиот кеј има ресторан кој во вечерните часови ви нуди пријатно чувство.


Прекрасната планина Голак се наоѓа на 10 километри од сместувањето, идеална дестинација за активен туризам, прошетка во природа и можност за едукација на вашите дечиња за животинскиот и растителен свет на планината. Сместувањето пак, дозволува влез на домашни миленици, што му дава предност во однос на другите сместувања и дава до знаење дека можете да го понесете и вашето најверно другарче на патување со вас.


Самиот објект има ресторан, билјард клуб, летна тераса, парк и пешачка патека. Повеќе информации за хотелот и сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.