25.12.2020
Организираме тура која ќе трае 5 дена и пеш ќе се поминат 100 километри околу Јабланица
Организираме тура која ќе трае 5 дена и пеш ќе се поминат 100 километри околу Јабланица
Тимот на Кајак.мк постојано вели дека 2021-ва година ќе биде годината на новата ера на туризмот. Драго ни е да ве информираме дека расте интересот кај македонските туристи да пребаруваат патувања и приватни сместувања на нашиот туристички сервер, а уште подраго ни е тоа што постојано се читаат нашите совети за патување. Во 2021-ва година ќе бидеме уште поголеми. Ќе го прошириме нашите хоризонти и ќе започнеме со совети за патување надвор од Македонија. Во прв план ни се сместувачки капацитети и атракции во соседна Грција.
Голем залак ќе направат и HIGHLANDER кои за 5 дена ќе спроведат планинарска тура од 100 километри, преку која ќе имате можност да ги видите сите убавини на Македонија. 
Годината која завршува
донесе длабоки и важни промени, со големо влијание врз
животот на секој од нас. Паралелно со негативниот контекст, 2020 година
поттикна порив да се вратиме на вистинските вредности и да ја разбереме
важноста на нематеријалните и општочовечките добра: свежиот
и чист воздух, топлината на сонцето, мирисот на дрвјата и земјата под нашите
нозе. Оваа година нè научи да ја цениме мајката природа со нејзините непроценливи вредности, а сè поголем број од нас
го откриваат своето ново хоби и својот мир на
планина.
Во овој период на потрага по нови почетоци, Македонија се приклучи на светското HIGHLANDER семејство и во партнерство со Кампот СКАУТ од Струга во септември 2021 ќе биде домаќин на една нова незаборавна авантура - "HIGHLANDER Охридско Езеро 2021".
"HIGHLANDER Охридско Езеро" е планинарски авантуристички предизвик од 100 км на планината Јабланица, кој трае 5 дена и ве води низ убавините на недопрената природа во југозападна Македонија. За само 5 дена ќе ја почувствувате Јабланица, чистата природа, фасцинантните пејзажи, четирите врвови со поглед кон најстарото езеро во Европа и споменик на прородата на УНЕСКО – Охридското Езеро, како и четири леднички езера чија убавина треба да се доживее.За оваа авантура не е неопходно да сте искусен планинар, но потребно е да сте со добра физичка подготвеност и најважно од сѐ – да сте љубител на природата.
Во
текот на 2021 година HIGHLANDER организира авантури во 15 држави низ светот. Која ќе ја изберете, зависи од Вас: Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија,
Грција, Португалија, Австриja, Египет, Шпанијa, Мароко, Русија, Саудиска
Арабија, Обединети Арапски Емирати.
HIGHLANDER
е наменет за сите, од професионални планинари до вљубеници во природата и
големи авантуристи. Безбедната и лесната планинска патека бара минимално
планинарско искуство и добра физичка подготвеност. Ве советуваме да се
подготвите пред учеството.
Да
не се лажеме, HIGHLANDER не е обична прошетка во парк!
За
да можете да уживате во овој настан, препорачуваме кондициска подготовка
неколку месеци пред неговиот почеток. (Наша препорака се 200 км вкупно
планинарење во месеците пред почетокот на настанот.) Опремата што ќе ја носите
на настанот претходно мора да биде проверена дали е во ред.
На
Јабланица се чувствува влијанието на топлите и влажни воздушни маси од
Јадранското Море, кои тука се судираат со континенталните струења од исток.
Можеби затоа, колку и да е ведро небото во овој дел на Македонија, над
највисокиот предел на Јабланица постојано се формираат облаци. Нè очекува
различна клима, па бидете подготвени за сите годишни времиња.
Најважната
работа е секој учесник да се навикне да носи тежок ранец (почнете со тежина од
5 до 7 кг, па потоа постепено совладајте носење ранец со тежина од 15 до 17
кг.) Водете сметка вашите чевли да бидат добро разгазени пред почетокот на
настанот.
Информирај
се за ултралесно пакување на ранецот за планинарење, за начинот на пакување и
пешачењето. Во ранецот треба да ти бидат спакувани само неопходните работи.
Избери природни материјали колку што е возможно повеќе. Мерино волната е
одлична (особено за долна облека) бидејќи брзо се суши, не мириса и има
антигабични својства.
Комплетно
спакуван ранец, без храна и вода, не би требало да тежи повеќе од 17 кг. Колку
полесно, толку подобро!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.