24.09.2020
Се повеќе млади од Македонија ја избираат ова викенд дестинација
Се повеќе млади од Македонија ја избираат ова викенд дестинација
Доаѓа викенд, а со тоа и прашањето „Каде на викенд? Кајак.мк ве води до „Бела Вода“ место кое е омилено помеѓу младите во државата, од причина што фреквенцијата на туристи е доста помала за разлика од Охрид или Маврово, а со тоа и приватноста е поголема.

Бела Вода е етно-туристички комплекс лоциран во централниот дел на Малешевијата, приближно на 35 км од Струмица и 25 км од Берово. Пријатната клима за време на лето, есен, пролет, зима го прави овој регион чудесно и пожелно место за опуштање и уживање во даровите од природата преку целата година. Tуристите може да уживаат и во јавање на неколкуте мустанзи, кои се дел од понудата.

Она што Кајак.мк го истакнува како битен момент е:
Дегустација на: Малешевски зелник, јаре, овчо сирење, пастрмка во бакарна тава и компири на жар.
Атракција: Јавење на коњи кои се дел од понудата.

Mесноста Бела Вода, скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации. Гостите, коишто често ја посетуваат оваа населба, велат дека државата има богата туристичка понуда, но потребна е поголема промоција и инвестиции.
ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАДЕ СЕ НАОЃА СЕЛОТО РАДОЖДА? ДАЛИ СЕ ПРАШУВАТЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ПОСЕТИТЕ? КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ!
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
