25.08.2020

Каде на Пелистер?

Каде на Пелистер?

Национален парк Пелистер со своето бо­гат­ство, разновидност и колорит претставува една од најзна­чај­ните вредности на биолошката разновидност на плани­ната Баба и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија. Тој е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија. За национален парк е прогласен уште во 1947 година. Површината на овој национален парк изнесува  17.150 хектари.



Двете глацијални езера, Големото и Малото Езеро, познати како Пелистерски очи, се оддалечени меѓусебно два километра и претставуваат прекрасно место за починка. Во пелистерските езера живеат ендемичната пелистерска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).


Информации за пешачки и велосипедски  патеки и активности во Национален парк Пелистер може да се најдат на официјалната веб страна и Инфо центарот.


Најкарактеристични се патекитеВелосипедска и пешачка патека до врвот Пелистер, историска патека или патека за Првата Светка Војна, патеката по камењарот е едукативно – показна стаза, којашто ги води посетителите на Националниот Парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. По должината на патеката се среќаваат пространи шуми од молика, ретка и ендемична флора и разни видови на релјефни облици.


Снегот на некои места на оваа планина може да се задржи дури до јули. Доколку сте љубител на скијањето или на прекрасните зимски пејзажи, тогаш задолжително дојдете на Пелистер и стоплете се со планинскиот чај што расте на оваа планина.


На Пелистер се наоѓа и вилата Бабин заб. Вилата се наоѓа над село Нижеполе. Во вилата има чајна кујна и конференциска сала за 50 лица. Апартманите се опремени со ТВ, wi-fi, фрижидер и сите имаат прекрасни погледи кон Пелистер. Сопствен заграден паркинг - бесплатен. За исхрана можете да јадете и во блиските хотели и ресторани.




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.