14.12.2023
Започнуваме со организирање на првите рурални пивски тури
Започнуваме со организирање на првите рурални пивски тури
Покрај винските тури кои ги органзиираме, тимот на Кајак.мк започнува со организирање на првите пивски тури во Македонија, но не во градска средина, туку во рурална средина каде имаме ново отворена фабрика за производство на разни пива и тоа пива како Пилснер, Вајс, ИПА и Портер.
Организирајте го вашето друштво или колеги и испратете ни барање со пополнување на формуларот за Тим Билдинзи или пак испратете барање преку пополнување на барањето за индивидуални групи со еден клик ОВДЕ.

Нашите тури се состојат од организиран превоз од главниот град Скопје или другите околни градови, како би можеле сите да се опуштите во фабриката која произведува прирордно, ладно ферментирано и нефилтрирано пиво, без вештачки бои, ароми и конзерванси.

За оние кои се љубители или сакаат да искусат поразлично пиво, овде можете да вкусите пиво со ѓумбир, пиво со богато чоколадно, карамелен и кафе вкус. Овде можете да дегустирате пиво со ароматични овошни мириси и специфични вкусови на егзотично пиво.

Ова прекрасна “занаетчиска
пиварница“ ќе ве запознае со процесот на производство на пивото и ќе ви
овозможи да уживате со вашето друштво во еден поразличен индустриски стил.
Заинтересираните може да испратат барање за
организирање на една ваква еднодневна тура со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Marijan Stojanoski
16.12.2023 21:36
Kako odi rabotata kolku luge treba za turata?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.