07.10.2020
Ова не е Норвешка: Ова е Горна Бабина Дупка
Ова не е Норвешка: Ова е Горна Бабина Дупка
Еко концептот на Кајак.мк ве запознава со една од најатрактивните места за фотографирање со дрон. Горна Бабина Дупка. Како што пишува Гапо (@shobaramtuka) неверојатно е чуството да се движите по работ на вакви васивни гребени искачувајќи се кон Солунска Глава и во исто време борејќи се со силен ветер на кого можеш да се навалиш и во спротивен правец и да те држи исправен. Под гребените, наместо море се протегаат бескрајни планини и шуми во маглите. А ако сакате да добиете слика за колкава големина е овој гребен, доволно е да погледнете на фотографијата во црните дамки кои се планинари. 
(@shobaramtuka)
Масивот Мокра е познат по своето изобилие со води и речна мрежа. По падините на планините кои влегуваат во овој планински систем течат повеќе реки (Бауна, Тополка, Кадина Река, Маркова Река)- сите притоки на Вардар во егејското сливно подрачје. Масивот е богат и со шуми, претежно листопадни во средните и пониските делови и зимзелени во повисоките делови. Во повисоките делови Мокра Планина е богата со пасишта.
(Photo:
Од запад скриена под пазувите на Горно и Долно Ќуле, а на исток со раскошен поглед кој се отвора кон морето од планински и ридски брановидни форми кои ги создаваат високите делови на централна и источна Македонија, Бабината дупка е уникатна по многу нешта. Пред сè по неверојатниот мир и спокој кој го нуди местото.
(photo: @programlabilna)Над него веќе се издигнува карпест предел, со ниска форма на растителен свет и каменест терен. До болка зелен (како што авторот љуби да каже) тревниот тепих на Долна Бабина е прошаран со разновидни цветни горделивци кои прават виножитни шари ливадниот простор опкружен со шума.
Совет од тимот на Кајак.мк е да не планинарете сами. Секогаш има достапни лиценцирани планинарски водичи и здруженија кои може да ви го организираат вашето патување. Планината не секој ја владее. Воедно почитувајќи го нашиот еко концепт задолжително понесете со вас хартиени вреќи за вашите отпадоци кои ќе ги вратите во соодветните канти за ѓубре.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Куќа како од македонските народни приказни достапна за изнајмување во Мариово |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

