02.12.2022

Чеплес: Планинарски дом за престој на авантуристи и луѓе кои сакаат предизвици

Чеплес: Планинарски дом за престој на авантуристи и луѓе кои сакаат предизвици

Последниот месец од годината ќе го посветиме на планинарските домови ширум државата. За нас едни од најуникатните сместувачки капацитети во Македонија со најуникатни гости. За оние кои досега не биле на планинарење и не престојувале во планинарски дом, ние би рекле дека се уште ги немаат запознаено најпозитивните и најкул луѓе во Македонија и пошироко.


Планинарските домови ги зближиваат луѓето со исти или слични приказни. Луѓе кои гледат на светот малце поинаку од останатите. Луѓе кои имаат постојано нови предизвици во животот и кои сакаат да го уживаат тоа кое што со пари не се купува- ПРИРОДАТА.

За да ве поттикнеме да отпочнете со планинарење во 2023-та година, тимот на Кајак.мк ќе се потруди да ги додаде во својата база на приватни сместувања најуникатните планинарски домови во Македонија. Планинарски домови кои имаат приказна со душа.


Денеска сакаме да ве запознаеме со планинарскиот дом „Чеплес“ кој од денеска е официјално дел од светот на Кајак.мк

Домот е изграден во 1952 година, во почетокот неговата намена била како ловечки дом, а подоцна во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво - „Солунска Глава" од Велес и претворен во планинарски дом. Од неодамна домот е приватизиран и со него располага Спортскиот атлетски клуб Изгрев од Велес.


Домот има нов и стар дел во кој може да присуствуваат гостите. Новиот дел е уреден да може да се греат просториите со централно греење. Зградата има нова термо фасада.

Домот има пет соби за спиење од кои две поголеми со групни лежаи. Има 56 кревети, но со групното сместување може да се сместат околу 100 планинари. Домот редовно се одржува, има електрично осветлување, довод на вода од сопствен извор - Нортонов бунар (пумпа). Надвор од домот има чешма со природна вода, исправна за пиење. Домот е постојано отворен и има постојан домар.


Планинарскиот дом „Чеплез“ се наоѓа на планината Даутица, на планинскиот масив Јакупица. Домот се наоѓа во шума од високи букови дрва. Околу домот има широко отворен простор, тревнат и обраснат со папрат. Има извонреден планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица и Плавник. Домот е изложен на исток и има долг сончев период преку денот.

Доколку сакате да ја погледнете точната локација, да стапите во контакт со домот и да ги погледнете излетите кои ви ги нуди домот, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа

Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.