26.09.2020
Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија
Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија
Туристичкиот сервер Кајак.мк ве запознава со уште една прекрасна локација во Македонија, именувана како „Длабок дол“. Ова прекрасна фотографија е на Гоце Тасевски.

| Тимот на Кајак.мк со особена внимателност ги следи туристичките дестинации кои можеби се помалку познати во јавноста. Затоа би сакале да ви препорачаме доколу се одлучите да го посетите ова место, со вас да понесете хартиени кеси во кои ќе го чувате вашиот отпадок и ќе го вратите назад со вас. Еко-концептот на Кајак.мк мора да биде почитуван. |
Длабок Дол се наоѓа на десетина километри од Гевгелија по патот кој води накај Смрдлива Вода после локалното излетничко место Сифулајка, или десно на околу 20 минути одење од Катеринина чешма во падините на Кожуф.
СИФУЛАЈКА(Bosh festival)
За сите коишто се заинтересирани да истражуваат одредени предели од Кожуф, Кајак.мк во вашата тура ви препрачува да го вклучите и излетничкото место Смрдлива Вода. Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморска височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Пред заминете таму, обрнете внимание на живописната природа која не ви дава да здивнете. Впрочем, покрај самиот пат се наоѓа Конска река која мами со своите диви предели, но и со ендемичните видови растенија, како што е Гол човек (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора.

(apartmani.mk)
На „Смрдлива вода“ работи ресторан „Иц Иц“ во кој можете да дегустирате локални специјалитети.
Кога веќе го посетувате јужниот предел, зошто да не појдете и до „Бел Рај“. Кликнете на насловот за повеќе информации:Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
