19.01.2023
Модерна дрвена викендица во која секој би сакал да престојува
Модерна дрвена викендица во која секој би сакал да престојува
Новата 2023-та година ни започна со додавање на доста уникатни сместувачки капацитети во Македонија за кои никој досега не слушнал! Со прекрасни дрвени ентериери, пространи дворни површини, капацитети за цела екипа и со комплетна опременост која одговараат на потребите на сите гости.
Денеска сакаме да ве запознаеме со уште една прекрасна дрвена викендица за која сме сигурни дека нема да има некој кој не би посакал да ја посети. Викендицата има прекрасен ентериер кој ќе ви долови чувство на удобност. Локацијата и природата која ја опкружува викендицата ќе ве натераат да се заљубите восело Крњево и повторно да се вратите овде. За резервации и информации од вилата кликнете ОВДЕ.

Викендицата која од денеска е дел од базата на Кајак.мк се наоѓа во село Крњево, кое селце е сместено во подножјето на Кожуф планина, во близина на реката Бошава. Надморската височина е 450 метри, а од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.

За љубителите на малите семејни винарии, треба да потенцираме дека во село Крњево и околината на селото може да се најдат доста винарии кои можете да ги посетите и да го дегустирате локалното вино кое е резултат на пространото виногорје во регионот.

Домаќините на викендицата велат дека викендицата е идеална за група до 8 лица. За семејства, фамилии, друштва авантуристи и љубители на природата. За оние кои ќе се одлучат да престојуваат во викендицата, тимот на Кајак.мк со неколку совети за тоа како активно да го искористите слободното време. Направете агенда која ќе опфати прошетка покрај реката Бошава која е доста чиста планинска река, реализирајте што е можно повеќе шумски прошетки кои ќе ви ги наполнат батериите, посетете го манастирот Св. Архангел Михаил, не заборавајте да го посетите селскиот рибарник, појдете до Барово кое е на 10 минити со автомобил или еден час пешаче, а коај тура ќе ви влијае доста позитивно. Во самото селце ќе ги најдете винариите Трајковски и Грков, а недалеку од селото се селата Чемерско и Бохула до кои можете да свртите.

Сигурни сме дека
сакате да погледнете повеќе информации за викендицата, контакт телефон и вибер
линковска врска ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Прошетки покрај чистата планинска река, шумски прошетки,
посета на околните винарии, посета на манастир Св. Архангел Михаил, посета на
селскиот рибник итн.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.