10.05.2022

Успешните експерименти за органска козметика ме поттикнаа да отворам моја козметичка кујна

Успешните експерименти за органска козметика ме поттикнаа да отворам моја козметичка кујна

Во светот на Кајак од денеска ни се приклучува уште една локална хероина од Прилеп, чие име и е Моника Евтимоска.

Моника по професија е економски техничар, но нејзината пасија и љубов ја истура врз органската и природна козметика која започнала да ја изработува пред пет години или како што ни вели таа, од моментот кога почувствувала потреба од квалитетен производ.

Продавницата на Моника од денеска е дел од нашата „Eco-online бакалница“ каде може да направите нарачка на нејзините производи. Продавницата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.


Моника се сеќава на детските денови. Како мала секогаш се воодушевувала на начинот на кој се изработувале природните масла од лаванда, парфемите и сапуните. Отсекогаш сакала да ги посетува продавниците за природна козметика низ туристичките места и градови.

Она што ја поттикнува да започне со производство на природна и органска козметика е причината што не може да го најде соодветниот производ за нејзината сува и атопична кожа.

Таа вели дека на почетокот започнала да произведува нешто “специјално“ за нејзе, но за брзо време веста за квалитната козметика брзо се шири и започнуваат да и се јавуваат нови нарачки од блиските пријатели и роднини.


Ја запрашавме дали се сеќава на првиот производ кој го изработила, а на тоа Моника ни одговори дека првите производи кои ги изработила биле од суровини кои ги имала во домот и со помош на нејзината креативност и потпомогнато од стручна литература  го создава првиот експеримент производ, за кој Моника вели дека бил успешен и дека рецептот за путерчето кое го создала го користи и ден-денес.


Ваквиот успех ја убедува да се запише на акредитирана школа за органска козметика во Англија и да се надогради во своето знаење.

Денеска, таа има своја “козметичка кујна“ каде ја истакнува својата креативност создавајќи квалитетни и уникатни производи за нега на лице и тело.


Она кое денеска може да се најде во нејзината палета на производи се сапуните за лице и тело, сите со различен состав изработени според потребите и типот на кожата, путерот за тело, кремите за лице, пилингот за лице и тело, балзамот за усни и витаминскиот серум за лице. Секој од производите има и своја намена, дел се за деца во пубертет кои имаат проблематична кожа со акни, дел се за секојдневна нега на лице и на тело, а дел – против стареење и против бори на лице.

Доколку сакате да ја посетите нејзината продавница, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.