06.09.2021
Од моите овошни насади произведувам здраво масло од лешник
Од моите овошни насади произведувам здраво масло од лешник
Нас не прави
среќни фактот дека има луѓе во Македонија, кои судбината пробала да им ги унишни
нивните животни копнежи, но тие сепак одлучиле да не и се предадат така лесно.
Интересна и мотивирачка приказна има и Зоран од Струга. Човекот кој од денес е дел од нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Зоран произведува
ладно цедено масло од лешник. Неговата животна приказна и тешката борба со
болеста врз која издвојува победа, била главната причина да отпочне со одгледување
на лешници и производство на нешто кое тој го нарекува лек против многу болести.
Зоран вели дека има насади со лешници кои се наоѓаат на пет километри од градот Струга, во село Ложани од десната страна по течението на реката Црн Дрим и на 700 метри надморска височина.

Чистата еколошка средина го поттикнала да преземе одговорност и да отпочне со производство на нешто ново, уникатно, невообичаено и ретко на домашниот пазар. По неколкуте спроведени истражувања, одлучиле дека од плодовите кои си собираат од насадите може да произведуваат масло од лешник, кој покрај путерот ќе биде нов предизвик за него и неговото семејство.

Пред месец дена
ја купиле машината за производство и започнале со пишување нова приказна. Зоран
вели дека производството е лесно, а она што е најважно за квалитетно масло е да
се има квалитетен лешник.
Процесот започнува со отстранување на кората и печење на одредена температура. Потоа лешникот продолжува во пресата каде се цаде и се добива ладно квалитетно цедено масло, кое е спремно за конзумирање.

Истото се складира во сталени шишиња без никакви додатоци поради трајноста и задржувањето на здравствените придобивки за кои Зоран вели дека се неверојатни. Почнувајќи од различни витамини и киселини, калциум, магнезиум, железо и ред други минерални супстанци кои заедно комбинирани го создаваат „Еликсирот за здравје“.

Ваквото
произведено масло кој е богато со Омега-3 масни киселини, помогна во
намалување на ризикот од срцеви заболувања, намалување на лошиот холестерол и
намалување на воспалението. Содржи
голема количина на мононезаситени масла како Омега-9, кои ја подобруваат
циркулацијата на крвта, додава
производителот.
Уникатната
приказна на Зоран залужи место во нашата база на „Гастономија“ каде може да
најдете директен контакт од него, а воедно Зоран е дестинација која е дел од нашите
понуди за тим-билдинг патувања за кои може да аплицирате со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Valentina Petkovikj
03.11.2022 15:03
Sakam da kupam maslo od lesnik, go ima li vo Skopje!
-
Jovan Stojanovski
06.09.2021 18:46
И јас имам лешници како да стапиме во контакт.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.