11.05.2020

Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата

Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата

Британското регулаторното тело за авијација на ги предупреди авиокомпаниите дека тие се законски обврзани да им ги вратат средствата на клиентите кои имаат откажани летови заради коронавирусот, пишува Радио Моф. 

Според законот, авио-операторите мора да ги обештетат клиентите во рок од седум дена ако нивниот лет е откажан, објави БиБиСи. Но, со оглед на тоа што во Велика Британија полетуваат само 10% од планираните авиони, авиокомпаниите се борат да се справат со сите барања за поврат на средства. Регулаторот за цивилно воздухопловство (CAA) соопшти дека може да преземе акција против авиокомпаниите.


Patrick Tomasso

„Ние проверуваме како се справуваат авиокомпаниите со наплата за време на пандемијата на коронавирус и ќе разгледаме дали треба да се преземат какви било активности за да се обезбеди заштита на правата на потрошувачите“, се вели во изјавата на ова тело. Минатиот месец, групата на потрошувачи „Which?“ соопшти дека примила илјадници поплаки од луѓе кои се борат да обезбедат поврат на средства за откажаното патување. Наместо тоа, авиокомпаниите им нудат ваучерите на клиентите кои ќе може да ги користат кога ќе се укинат мерките поради пандемијата.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:  Луфтханза од јуни почнува со летови на 106 дестинации во Европа

Според сопствените проценки на патничката индустрија, се смета дека се работи за 7 милијарди фунти пари на патниците, велат од групата на потрошувачи. Сега, регулаторното тело истапи. „Според законот, потрошувачите имаат право да добијат поврат за откажаните летови, и покрај предизвиците со кои се соочува индустријата“, се вели во извештајот.

„Ние ги поддржуваме авиокомпаниите кои им нудат на ваучерите на потрошувачите и алтернативите за ре-букирање, кога потрошувачот е задоволен. Но, важно е на потрошувачите да им се даде јасна опција да побараат поврат на пари без непотребни бариери“. Регулаторот рече дека не очекува авиокомпаниите „систематски“ да го негираат првото на потрошувачите за обештетување. „Очекуваме авиокомпаниите да обезбедат поврат на средства за откажаните летови што е можно поскоро, иако цениме дека постојат оперативни предизвици за авиокомпаниите во тековните околности“.

Сопственикот на Рајанер Мајкл О’Лир изјави дека ќе бидат потребни до шест месеци да им се вратат на  патниците средствата за откажаните летови заради пандемијата на коронавирус. Тој за Би-Би-Си изјави дека авиокомпанијата се бори да процесира заостаната наплата од 25 милиони фунти,  со намален персонал.

Авиокомпаниите се принудени да го приземјат поголемиот дел од нивните флоти заради кризата. Како резултат на тоа, „Бритиш ервејс“, „Вирџин Атлантик“ и „Рајанар“ објавија илјадници кратења на работните места. Од „Авиокомпаниите“ исто така соопштија дека плановите за воведување 14-дневен карантински период за секој што ќе пристигне во Велика Британија од која било земја, освен за Република Ирска и Франција, дополнително ќе му наштети на авио-бизнисот.

Извор: www.radiomof.mk

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Не наседнувајте на шпекулациите за тоа како ќе се патува во Грција ова лето!


Airbnb ќе даде отказ на 25% од своите вработени



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.