24.05.2020

И Црна Гора стана „corona free“ држава во Европа

И Црна Гора стана „corona free“ држава во Европа

Црна Гора денес, 68 дена по првиот забележан случај на коронавирус, нема веќе заразени со Ковид-19, што ја прави првата „corona free“ земја во Европа, според податоците на црногорскиот Институт за јавно здравје. Нема потврдени нови случаи на инфекција во Црна Гора веќе 20 дена по ред.

„Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 140 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција. Исто така, во Црна Гора во моментот нема активни случаи на инфекција со новиот коронавирус “, објавено е од црногорскиот институт, бидејќи вториот тест на последниот пациент е  негативен. Црногорските здравствени власти порано соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога нема  да има вкупно 28 дена заразени.


Wladislaw Peljuchno

„Во пракса и меѓу струката, вообичаено е епидемија на една заразна болест да се одјавува кога, во двата просечни периоди на инкубација, нема нови регистрирани случаи на заразени на една територија. Во овој случај, тоа значи дека станува збор за ситуација кога никој не бил заразен со вирус во Црна Гора 28 дена “, објави црногорскиот институт за јавно здравје.

Објаснија дека за една територија обично се вели дека е „ослободена“ од одредени заразни болести кога не постои регистрирана нова болест за одреден временски период.

„Терминот  ‘ corona free’е повеќе колоквијален, отколку стручен термин за означување дека на некоја територија нема заболени. Идеално би било да нема ни вирус, но во ситуација, кога во опкружувањето има регистрирани случаи  на корона вирус скоро невозможно е да се одржи и сочува оваа состојба “, велат од Институтот.

Црна Гора е последната европска земја кај  која се дијагностицираше коронавирус на 17-ти март. Оттогаш, 324 луѓе се разболеле, 315 се опоравиле, а девет пациенти починале.

За 70 дена изолација, поради кршење на мерките за заштита од зараза, се гонети 1768 жители на Црна Гора, кои за добротворни цели морале да уплатат вкупно 106 илјади евра.

Извор: n1info.com

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Официјално: Грција ги отвара границите на 15-ти јуни за македонците!




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.