15.06.2022

Дали сте ги посетиле водопадите во Камењане?

Дали сте ги посетиле водопадите во Камењане?

Ни доаѓа викенд, а обврска на тимот на Кајак е да Ви сподели предлог викенд- дестинација каде вашето пасивно слободно време ќе го исполните со многу активности. Фотографиите кои ги користиме во информативниот текст се преземени од инста профилот на: goonerskmk


Дел од нашите патувачи сигурно веќе ги имаат посетено прекрасните Камењански Водопади, а за оние кои за првпат се среќаваат со овој поим, денеска е денот „Д“ кога треба да ви откриеме некоја информација повеќе.

Овие водопади се идеални за луѓето авантуристи, вљубениците во природата и секако за активните планинари кои наместо да искачат некој врв, ќе одлучат да се нурнат во густ шумски предел.


Ајде да започнеме од поаѓањето.

До водопадите може да пристигнете по следната рута: Пред се треба да возите до истоименото село Камењане, кое се наоѓа во Полошката Котлина, од десната страна на автопатот Гостивар- Тетово или пак, на околу 7 километри од Тетово.

 

Причината поради која секој би се заљубил во Камењане, е само една, а тоа е Шар Планина. Планина која никого не остава рамнодушен. Кога ќе пристигнете во селото, продолжувате по коритото на реката каде имате асфалтен пат, се до селото Јеловјане каде имате информативни табли и маркици кои водат низ буковата шума.

 

Овде ќе наидете на 8 водопади кои секој блика со своја убавина. Непосредно пред првиот водопад имате стара воденица каде мештаните на селото го мелеле житото, а веднаш потоа ќе наидете на скалила поставени се со цел да се олесни движењето низ реката. По течението на реката ќе наидете на многу дрвени мостови, прекрасни глетки, прекрасни скриени местенца каде ќе сакате да останете цел ден.


За оние кои не се доволно кондиционо подготвени не треба да водат грижа бидејќи до водопадите имате прецизно обележана патека, урбанизирано со скали и мостови кои ќе ви помогнат во рок од 2 часа да ги видите сите 8 водопади.

Фото: goonerskmk на инста

Остави Коментар

Коментари

  • Maja

    18.06.2022 18:35

    Zdravo, Koga e planirano poseta na ovie vodopadi vo naredniot period ? Blagodaram odnapred. Pozdrav, Maja

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.