09.05.2020
Не наседнувајте на шпекулациите за тоа како ќе се патува во Грција ова лето!
Не наседнувајте на шпекулациите за тоа како ќе се патува во Грција ова лето!
Одредени медиуми „тврдат“ дека тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред полетувањето за Грција ќе биде клучен за влез во државата. Ова информација не е официјално потврдена од грчките власти. Покрај тоа постојано се пишува дека ќе има размер во лежалките, а и дека одредени лежалки ќе бидат преградени со стакло или пластика.
Информациите коишто кружат деновиве на интернет порталите зборуаат и за авионите дека кон Грција нема да има празно седиште помеѓу патниците и дека ќе има „хотел- карантин“. Ваквите информации се само предлог- протокол на Министерството за туризам на Грција, кои министерот Харис Теохарис ги претставил, говорејќи на видеоконференциски настан со претставници на подмладокот на Нова демократија.
| МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ЕК: Границите на ЕУ затворени до 15 јуни |
Сепак, не станува збор за конечната верзија на здравствените протоколи, кои што се изработени во соработка со експертската комисија за заразни болести од Министерството за здравство на Грција, туку се предлози на Министерството за туризам доставени до туристичките организации, федерации и здруженија во Грција, кои можат да дадат нивни коментари, предлози и слично и мерките да претрпат промени, за до крајот на следната седмица да бидат финализирани, а конечниот збор ќе го има грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Според она што го открил министерот за туризам, за еден странски турист, авионски да пристигне во Грција, ќе треба најдоцна во последните 72 часа пред патувањето да има потврда дека не е заразен со новиот коронавирус, а без негативен тест нема да може да се качи во авион.
Во однос на авионскиот превоз, како што објавија медиумите, летовите од, кон и во внатрешноста на Грција ќе бидат со полн капацитет, односно нема да има празни седишта меѓу патниците.
Министерството за туризам на Грција, во секој туристички регион во земјата ќе најми објект што ќе има функција на „хотел карантин“, каде што би се пренесувале туристите, доколку се констатира дека се заразени со новиот коронавирус.
Секој хотел или туристички објект ќе биде обврзан да склучи договор со лекар, кој ќе биде надлежен да одлучи дали ќе биде тестиран туристот, доколку се појават симптоми на Ковид-19. Резултатите од тестот би биле готови најдоцна до шест часа, а ако туристот е позитивен, ќе биде пренесен во „хотелот карантин“.Во хотелите нема да има шведска маса, додека пак лежалките на плажите ќе бидат проретчени и ќе имаат покривка за една употреба што ќе се менува за секој посетител. Министерот за туризам на Грција, на видеоконференцискиот настан со подмладокот на Нова демократија, според грчките медиуми, најавил билатерални договори со одредени земји, а како пример ги споменал Бугарија, Израел и Кипар.
| ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: Луфтханза од јуни почнува со летови на 106 дестинации во Европа |
Сите информации ќе бидат официјални тогаш кога од грчкото министерство ќе излезат на официјална прес-конференција каде воедно се соопштуваат и сите детали.
Имено, влијание врз одлуките и начинот за тоа како ќе се спроведува туризмот во Грција ова сезона има и Европската Унија.
ДАЛИ САКАТЕ ДА ЗНАЕТЕ:
Патувањата во летните месеци ќе се координираат со соседните земји
Aвиокомпании кои ги зголемија своите такси за багаж во 2020 година
Филмови што треба да ги гледате ако сонувате за Италија
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.