23.11.2021

Бајковитото Михајлово на Кожуф е достапно за резервации

Бајковитото Михајлово на Кожуф е достапно за резервации

Возрасните генерации сигурно добро го знаат, а има и такви кои го имаат посетено детското одморалиште „Михајлово“ кое се наоѓа во пазувите на преубавата Кожуф планина.

Тимот на Кајак.мк е среќен што ова сместување од денеска е достапно во базата на Кајак.мк и каде со само еден клик ќе може да разговарате со домаќинот Љупче и да резервирате престојување.


Михајлово не е само детско одмаралиште, објектот има и хотелски капацитет кој е отворен за сите патници и авантуристи вљубеници во планинскиот туризам.

За нашите редовни патувачи кои за првпат се среќаваат со „Михајлово“, би сакале да ги споделиме следните информации.


Ова местенце е лоцирано на 40 километри од Кавадарци  со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од 1200 метри и опколено со стара борова шума.

Домаќинот Љупче вели дека објектот нуди прекрасни хотелски адаптирани соби и вкусни оброци подготвени на традиционален начин. Во склоп на објектот се наоѓа стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, а има и услови за планински велосипедизам.


Собите за престој се доста скромни, не се истакнува луксузноста, но најважно е што цените се пристапни и скоро секој може да си дозволи да престојува овде.

Околината и дворот се прекрасни, а зимата е волшебна.

Ова сместување можете да го најдете во нашата база на приватни сместувања во регионот на Кавадарци или пак со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Metodija Mitrevski

    15.12.2022 07:54

    Dali ima slobodni 4 dvokrevetni sobi za nova godina, za period od 31.12.-02-01-2023 godina, i kolku ~ini so docek na nova godina

  • Natalija Petrovska

    26.11.2021 18:07

    Fali da donesat konji ili cetiricikli, drugoto e odlicno!

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.