16.04.2021
Резервирајте го овој дом на 1250 мнв без апсолутно никој во соседството
Резервирајте го овој дом на 1250 мнв без апсолутно никој во соседството
Има денови кога не сакаме никој околу нас, едноставно бараме начин да побегнеме од хаосот и да се олабавиме од стресот. Како што изминуваат деновите, така и базата на Кајак.мк постојано расте со интересни сместувачки капацитети ширум државата.
Како што знаеме постојано да повторуваме, пандемијата нема да ви ги скрати патувањата, туку едноставно ќе ве фокусира да ги истражете помалите места во детали. Едно од тие места е „Јанков Камен“ .

Од денеска во нашата база е достапен и планинскиот дом „Јанков Камен“ кој може да го резервирате за вас и вашето семејство или вашите најблиски пријатели. Се наоѓа на 1250 метри надморска височина и е стациониран на планината Јабланица. Во непосредна близина на сместувањето има вештачко езерце кое му дава посебна убавина и можност за развој на активниот туризам.
Да не заборавиме дека ова сместување е идеално за луѓето кои практикуваат активности во природа. Возење велосипед, утринско трчање, планиско пешачење или секако планинарење.
Доста битен е факотот дека околу ова куќа нема апсолутно ништо, што ви дава можност за тотална изолација. Објектот располага со електрична енергија која се полни преку соларно напојување и што е најважно нема Wi-Fi. Овде ги полните вашите батерии, наместо батериите на вашиот лап-топ. Самиот дом има опција за рент-а-бајк и располага со 5 велосипеди.

Домот е оддалечен околу 4 километри од Вевчани или околу 20 минути со автомобил. Патот до самиот дом е доста солиден што значи дека можете до таму да појдете и со кола. Низ целиот предел има доста планински патеки за рекреација.

Наша препрака е доколку престојувате овде да го посетите Старца. Ова е рид со прекрасен поглед кон Вевчани и пошироката околина. Од неодамна овде има изградено видиковец.
Планинарскиот дом е изграден од камен и дрво, во склоп со околината има WC со туш кабина, комплетно опремена
кујна, полунотворен камин, пријатна свежина дури и во најтоплите летни денови, електричната
енергија се обезбедува преку соларни панели. Панорамски поглед кон прекрасна зелена
широчина со
пикник маси опкружен со висока букова шума од која се слушаат песните на птиците
и жуборот на водата. Прекрасно место за почеток на некоја планинарска авантура.
Домот кој од денеска е достапен за резервации, во него може да престојувате сами или пак доколку имате потреба може со вас да биде присутен и домарот.
| Сакате повеќе информации и фотографии од внатрешноста, како и контакт за резервација? За повеќе инфо кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.