07.02.2022

Од мало девојче желно за нови вештини, до лидерка во сутажот

Од мало девојче желно за нови вештини, до лидерка во сутажот

Од мало девојче желно да ги стекне вештините коишто ги поседува нејзината мајка, до жена-лидерка во својата професија. Вака започнуваат приказните на Кајак.мк кои ги раскажува во месец февруари, а кои се поврзани со нашите хероини кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Кратки, брзи и мотивирачки приказни кои може да се прочитат во еден здив, а притоа да ве поттикнат да размислувате како да го исполните слободното време да отпочнете со нешто ново кое во иднина ќе ви носи дополнителни финансии.

Денеска ве запознаваме со Билјана Тодороска, охриѓанка која се занимава со дизајнирање на сутаж накит.


Билјана создава накит веќе 12 години, но сутажот е дел од нејзиниот живот во изминатите 9 години. Била учесник на мноштво базари, саеми и разни проекти, а зад себе има две самостојни изложби, од кои едната во галеријата „Робевци“ во Охрид, а втората во спомен домот „Браќа Миладиновци“ во Струга.


Тоа што за Кајак ја правил лидерка во својата професија е фактот дека покрај производството таа е обучувач на работилници кои се организираат во Скопје, каде своето знаење го споделува со останатите жени кои бараат се заинтересирани да научат нешто ново.


Нејзините почетоци со рачни изработки се од детските денови кога во нејзиниот дом се изработувале традиционални македонски везови како чеиз за женски деца. Уште во тоа време, нејзината мајка ја обучувала како да изработува везови и да ја осознава посебноста и убавината на истите.


Многу подоцна потребата да носам уникатен накит ме натера да си изработам нешто за себе, а со тоа започна и мојата приказна која трае до денес. Како што ги осознавав и усовршував техниките сосема случајно на интернет го сретнав сутажот- сосема непознато нешто за ова поднебје“, раскажува Билјана.  


Со откривањето на оваа раскошна техника која потекнува од Русија, која многу одамна се користела за украс на руски униформи, а подоцна во Франција каде станала неизбежен украс на најбогатите владејачки семејства и најубавите дами, Билјана била фасцинирана од уникатноста и одличила да посвети време. Она што најмногу и привлекло внимание е сличноста со нашите традиционални везови и народни носии, со што започнала да ја изучува од интернет и по само неколку месеци напорна работа и труд да го создаде своето прво парче.


Постојано создава нови парчиња накит следејќи ги модните трендови, но и секогаш верна на традицијата. Во нејзините колекции може да се најдат стотици модели огрлици, брошеви, алки, обетки кои имаат своја приказна.


За изработка на овој накит се користи специјален сутаж конец-гајтан, кој го обликува со шиење и вметнување низ разни полудраги камчиња, бисери, а од неодамна користи и материјали од природата како езерски камчиња, дрвца и разни отпадни материјали. Набавката на материјали е посебен процес и истражување.


За луѓето најпривлечна е сложеноста на самата изработка, комбинацијата на бои и секако уникатноста и раскошот што го нудат сите нејзини парчиња накит. Процесот на изработка и самите изработки може да се најдат во нејзината продвница-атеље "BRILLO" во старата турска чаршија во Охрид, а наскоро ќе бидат споделени и на платформата на Кајак.мк.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.