30.06.2022
Уште еден ранч во Македонија во кој може да престојувате
Уште еден ранч во Македонија во кој може да престојувате
Базата на Кајак.мк со приватни сместувања се збогатува со уште еден уникатен ранч кој се наоѓа во општина Ранковце, поточно во село Радибуш на 40 километри од Куманово.

Домаќинот Даниел кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак, вели дека гостите доаѓаат овде пред се поради храната која се служи во истоимениот ресторан. Добра е и местоположбата. Во околината може да се посетат многу знаменитости, како манастирот Св. Јоаким Осоговски, камените кукли во село Куклица, а во склоп на општината се наоѓаат и вештачкото езеро Отошница кое е оддалечено 8 километри од ранчот.

Ранчот има фанстастичен амбиент опкружен со природа, а доколку престојувате овде ќе имате чувство дека се наоѓате во минатото. Самиот ентериер е комбинација од дрво и камен, а надворешниот дел располага со 7 хектари површина, кој е доволен простор за прошетка и активности во природа.

Освен сместувањето и ресторанот, овде се наоѓа и
езеро, мини зоолошка градина и доста стази за трчање или прошетка.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии
и цени, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.