15.08.2023
Во Македонија се наоѓа еден од најубавите кампинг простори
Во Македонија се наоѓа еден од најубавите кампинг простори
За авантуристите кои сакаат да искусат нов кампинг предизвик, тимот на Кајак.мк ги информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања е достапен „Camp Ljubanista“ кој има свои бунгалови и шатори достапни за изнајмување. Ваше е само да понесете вреќа за спиење и основни средства за оджување на лична хигиена и секако да имате желба да останете на кампување од 3 до 5 дена, како што и налага неформалниот правилник на камперите ширум светот кои тврдат дека за да се почувствува магијата на природата, треба да се остане барем три дена.

Кампот се наоѓа во близина на село Љубаништа, покрај самото Охридско езеро и во подножјето на планината Галичица, што би рекле ние на вистинското место каде што се гушкаат планината и езерото.

Кампот се простира на 90,000 метри квадратни, а има песочна плажа долга 650 метри. Површината на кампот е рамна со сенки на голем број на дрвја. Самиот камп има сопствен маркет, голем паркин простор, тушеви со топла вода, електрична енергија за секој кампер.

Кампот нуди можност за изнајмување на: Камп приколка за 4 лица, изнајмување на шатор, изнајмување на голем бунгалов, изнајмување на мал бунгалов, има и ресторан и бар на плажа со лежалки и чадори за сонце. Кампот има нов авантуристички парк кој можат да го користат гостите на кампот, но и гости кои сакаат да го посетат авантуристичкиот парк.
За точната
локација на кампот, повеќе фотографии, како и контакт за резервација можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.