24.09.2020
Есента е убава во Чиплаковата колиба во беровско
Есента е убава во Чиплаковата колиба во беровско
Со падот на температурата, расте пак желбата за труризам на планина. Беровскиот регион можеби е иделана опција за секој кој сака да одмори од напортната работна недела. Чист еколошки регион, природна и здрава храна и огромна концентрација на кислорот.

Кајак.мк има еко-предлог особено за лицата коишто преферираат или пратктикуваат Јога или медитирање. Чиплаковата колиба е добра опција за викенд медитација. Избањата во чист воздух и природна убавина, оваа вила е уникатно место каде наместо автомобили и бучава ќе се сретнете со неверојатен мир и прекрасна околина. Вилата е идеална за сместување на едно четиричлено семејство.

На располагање се три двокреветни соби. Фурната, огништето и скарата со која располга ќе Ви овозможат приготвување на локални специјалитети. Доколку уживате во прошетки на само пет до десет минути пешачење се наоѓа Беровско Езеро кое ќе ви понуди незаборавен поглед. Доколку ви треба повеќе инфо можете да добиете на 071 854 768 од господинот Петар кој е сопственик на овој објект.

За оние коишто не знаат, во непосредна близина на Чиплаковата Колиба се наоѓа Беровското Езеро или Ратевското Езеро кое е вештачко езеро кое е сместено на 2 километри од градот. До таму се стигнува по пат кој минува низ густа борова шума. Најблиското место каде можете да земете здив е ресторанот сместен покрај езерото со бунгалови за сместување на туристи и детско одморалиште. Покрај езерото се наоѓаат куќички достапни за изнајмување, терени за излет, одлични места за рекреација и спорт.

macedonia-timeless.com
Беровско Езеро им овозможува на љубителите на риболовот услови за рекреативен риболов. Истото изобилува со најразновидни риби, меѓу кои: пастрмка, шаран, клен, мрена, караш. Неколку ресторани кои приготвуваат добра риба и имаат магичен поглед кон Беровксо Езеро за одмор како на очите така и на душата и телото. (извор: macedonia-timeless.com/)
А ДАЛИ МОЖЕБИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА БЕЛА ВИСТА? И ТОА Е НЕШТО ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ПОСЕТИ? ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
