25.12.2020
Заробена во шума на Кожуф: Ова е една од најубавите вили за изнајмување
Заробена во шума на Кожуф: Ова е една од најубавите вили за изнајмување
Кој би рекол дека на Кожуф нема каде да се престојува? На Кожуф може да се најдат доста сместувачки капацитети кои ќе ви го одземат здивот.
Тимот на Кајак.мк е должен да ве запознае со сите места во кои можете да преноќите, да уживате и да се запознаете со планината. Нашиот еко концепт мора да биде запазен па би сакале да ве известиме дека доколку ја посетите ова планина и се одлучите за планинарење и искачување на врвот, задолжително да си понесете кеси за отпадоци.
Доста модерен и убав објект е „Хотел Вила Тодоров“ кој нуди ноќевања во трокреветни студија и четири креветни апартмани. Вкупниот капацитет е 32 легла, што претставува одлична можност за поголеми планинарски друштва кои сакаат да го освојат „Зелен Брег“ кој е највисокиот врв на Кожуф.
Сите апартмани располагаат со балкони, приватна бања и телевизор. Хотелот со 3* има и опција за доручек во ресторанот, а во барот имате и Wi-Fi на располагање.
Градот Гевгелија се наоѓа на 40 километри од Вилата Тодоров. Она што сакаме да ве предупредиме а на кое треба да внимавате доколку за првпат се упатувате кон вилата се условите на патот. Има доста одрони кои се присутни на самиот пат подолго време, но можете да ги заобиколите со автомобил. Во зимските периоди не е пожелно да се искачувате со обично возило. Пред се треба да се информирате од сопствениците дали постои начин за да стигнете до вилата.
Кожуф е планина која вреди да се истражи. Ја препорачуваме на оние патници кои не се љубители на гужвата, од причини што овде ќе го најдат својот мир.
Повеќето од патниците кои имаат престојувано во ова вила го фалат погледот, атмосферата и чувството "како дома" поради кое би се вратиле повторно во ова вила. 
Што нуди вилата:
- Широкопојасен бежичен интернет
- Сателитска телевизија во сите апартмани
- Сопствени луксузни тоалети
- Прекрасен поглед од Кожуф планина
Што ви препорачуваме на Кожуф во моментот?
Планинарење, искачување на Зелен Брег. Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.
Повеќе информации за вилата, цени и фотографии можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.