14.09.2021
Пораснавме во Сиднеј, но се одлучивме за фарма во село Зрзе
Пораснавме во Сиднеј, но се одлучивме за фарма во село Зрзе
Да се одгледува домашни животни е обврска, а не само задоволство. Меѓутоа за да уживаме во животот треба да ги извршуваме работните обврски кои не прават среќни. Со нашето мислење ќе се согласите откако ќе ја прочитате приказната за браќата Михаил и Кристијан, кои родени во Скопје и израснати во Сиднеј, Австралија се одлучиле да отворат своја фарма во село Зрзе, за кое селце велат дека е природниот рај на земјата.

Тимот на Кајак.мк ја прошири листата на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, додавајќи ги Михаил и Кристијан, чија мотивирачка приказна ќе биде поттик за многу млади да го направат првиот чекор кон градењето на нешто кое ќе ги прави среќни.

Кристијан кој ни ја раскажа животната приказна и мотивот да се посветат на одгледување кокошки пуштени на отворени пасишта вели дека го одбрале селото Зрзе поради фактот дека нивната мајка Ружица потекнува од ова место, а кое е чисто и опколено со прекрасна природа.

Идеата да отворат сопствена фарма на која ќе се огледуваат кокошки пуштени на отворени пасишта дошла откако се одлучиле дека им треба здрав и посмирен начин на живеење. Што би рекле другите „живот на село”. Целта им била да се вратат на првобитниот начин на живот кој го живееле нивните предци, од посмирено темпо, здрава локална храна, чист планински воздух, изворска вода до помалку гужва.

За село Зрзе велат дека е доста чисто и има прекрасна природа, но додаваат дека овде се наоѓа и прекрасниот манастир Св. Преображение, кој е популарна атракција за туристите што значи добар потенцијал за развој.

Денес, нивната фарма е дом на кокошки, препелици и пајки, а во тек е изградба на бавчи на кои ќе садат зеленчук за нивна прехрана и храна за животните. Покрај кокошките и препелиците, наскоро започнуваат со производство на домашни јуфки, а за кои производи велат дека може да се купат директно од фармата, а наскоро и преку достава до Скопје.

Кристијан вели дека денот на фармата започнува од рано во зори. Во летниот период, ги пуштаат кокошките да излезат и да пасат на пасиштата во село Зрзе. За тоа време се подготвува храната и водата на сите животни. Во зависност од дневните обврски, се занимаваат со градежни активности, истражување на нови начини на работа за подобрување на целовкупниот квалитет на функционирањето на фармата и производите. Креирање содржини и комуникација на социјалните мрежи, кроење планови за иднина и ред други работи. Навечер кокошките ги затвараат во нивните топли живеалишта за да се одморат за утрешниот ден. Обожаваат да се цело време во акција, бидејќи само така ќе растат и напредуваат, смета Кристијан.

Двајцата браќа размислуваат на неколку идни проекти. Во план им е да воведат отворени денови за туристи, каде гостите ќе може да уживаат со домашен и здрав доручек, ќе дишат чист воздух и ќе уживаат во прекрасната природа.

И двајцата велар дека ќе продолжат да растат, бидејќи за нив ова е животна мисија. Производството на здрава храна за нив и за нивните потрошувачи, поддршка на локалната заедница и инспирација за младите и идни генерации се нивна животна водилка.

Нивните
активности може да ги погледнете на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм. Од
ценовникот, па се до нарачки. Кристијан вели дека најмногу се посветуваат на
инстаграм и таму може да се воспостави добра комуникација.
Нивниот инста
профил е: @farmazrze
Фарма Зрзе може да ја надете и во нашата нова база „Гастрономија“ или со
еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Valentina Lembovska
17.09.2021 09:01
Bravo deca vi posakuvam mnogu uspeh vo rabotata
-
Ленка Павлова
14.09.2021 19:11
Браво за идејата, браво за реализацијата. Ви посакувам голем успех. Само едно ќе Ве замолам, не пакувајте ги јајцата во пластика, користете разградливи материјали.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.