09.08.2023
Во Македонија има приватен базен сокриен во лешникова шума
Во Македонија има приватен базен сокриен во лешникова шума
Ако барате уникатни места во Македонија каде би можеле да појдете
со вашето семејство, пријатели, колеги од работа или можеби сами, тогаш на
Кајак.мк ќе најдете сѐ.
Дури и во селцата и во средините каде што сте помислиле дека нема ништо, тимот на Кајак.мк успева да изнајде идеални атракции за целодневни искуства. Денеска ве водиме во селото Скачковце кое се наоѓа на 15 километри јужно од Куманово или на 50 километри од Скопје.

Во периферијата на селцето има прекрасни пространи плантажи со лешници или како што милуваме да кажеме густа лешникова шума која ќе ви помогне да побегнете од сите и да уживате сами на прекрасниот базен кој од денеска е достапен за изнајмување преку платформата Кајак.мк. Домаќините кои ни ги отворија портите на приватната оаза велат дека со години инвестирале во базенот за да може денеска да им биде на располагање на сите авантуристи кои се во потрага по нови искуства.
Базенот има оптимален капацитет за 10 до 15 лица. Самиот простор е организирано со нови тоалети, соблекувална, тушеви, лежалки, столчиња и тенда покрај базенот, како и летниковец со скара.

Базенот има двојно посилна филтрација која ја задржува чиста водата, а непосредно пред влезот на патеката која води до базенот има простран паркинг каде може да се паркираат повеќе возила. Во околината на базенот нема соседни објекти на кои би им сметала гласна музика, што на гостите им овозможува максимално уживање во текот на целиот ден.

Во близина има преубав манастирски комплекс Св.Троица Скачковци кој може да го посетат оние кои ќе се одлучат да го посетат самото село. Повеќе информации, локација и контакт за резервации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.