10.08.2022

Организираме еднодневни диви тим билдинг патувања до островот „Голем Град“

Организираме еднодневни диви тим билдинг патувања до островот „Голем Град“

Целта на тимот на Кајак.мк е да им наметне на компаниите навика да ги изнесуваат своите вработени во природа каде би биле физички активни, би учеле за природата, би се запознавале со нови места и секако би им дале поддршка на локалните мештани кои нашиот тим ги вклучува во приказните. Кајак.мк гради еден поинаков свет, во кој секој заслужува да биде среќен и свет во кој конечно ќе им се даде предност на оние кои досега не биле забележани на туристичката мапа во Македонија.


Денеска сакаме да ве информираме дека изградивме тим од лиценцирани водичи кои со задоволство би организирале еднодневно истражување на преспанскиот регион, со посета на островот Голем Град. Нашата агенда вклучува ручек на локални фарми и фамилии кои го промовираат локалкниот туризам, посета на островот Голем град со лиценциран водич и со изнајмување на кајчиња.

Преку еднодневното друштвено патување ќе можете да направите прекрасни фотографии од нашиот единствен остров во Македонија кој е дел од Националниот парк Галичица.


Поради високите природни и културни богатства кои ги има „Голем Град“ на ваква релативно мала површина од само 23 хектари, овој остров се наоѓа во зоната на строга заштита.

Она што најмногу нè радува ефактот дека на осторовот отсекогаш имало мало човечко влијание, а со помош на спефицичната клима ова му овозможува на островот богата биолошка разновидност.


Можеби за вас е малку познат фактот дека островот има статус за еден од најдобрите отворени херпетолошки лаборатории во Европа и дека секоја година на него престојуваат истражувачи од повеќе држави.

Сигурно со самото читање на насловот, Вам ви падна на памет „Змиски остров“ и што би било интересно за набљудување на островот?


Да, точно е дека на островот има голема популација на змијата рибарка, но интересен феномен претставува и присуството на Хермановата желка, чија популација, во однос на површината е најгуста во Европа и брои околу 2000 единки, а интересен е фактот на една женка има 15 мажјаци единки.

На островот може да се забележат доста остатоци од цркви, ранохристијански базилики и римски куќи. Од сите објекти најзачувана е црквата Св. Петар за која се вели дека датира од 14-ти век и која е прогласена за споменик на културата.


По возењето со кајчето околу островот, сигурно би сакале да посетите локални фамилии и фарми кои подготвуваат вкусни јадења под отворено небо? Нив не би ги изоставиле од агендата секако.


Ова е уште една можност за компаниите кои се заинтересирани да им понудат на своите вработени еден поинаков тим-билдинг во дивината.

Доколку сакате да ни испратите барање, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Zvonko Petroski

    11.08.2022 09:27

    Работите прекрасно, навистина, според она што го прочитав како организирате. Туризмот во Македонија МОРА да се развива повеќе. Не е само хотели и плажи. Островот го посетив пред 3-4 години, реткост е за да се посети.

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.