11.05.2021

На моите гости им го исполнувам слободното време со разни активности

На моите гости им го исполнувам слободното време со разни активности

Дали некогаш сте посакале да искусите Donkey Safari, Hot Air Balloon или АТV тури околу Охридското Езеро?

Дел од вас ќе кажат да, дел не, но ние дефитивно ќе потврдиме дека ова лето ќе биде препознатливо по новите атракции кои се повеќе ги има во Македонија.


Тимот на Кајак.мк ве запознава со Ивана чии „Park Diamond Apartments“ од денеска се дел од нашата база.

Ивана е млада личност која размислува зрело во врска со новиот начин на промоција на туризмот и креирање понуди кои ќе го исполнат слободното време на секој турист.


За Кајак.мк раскажува дека најважно нешто во нејзиното работење е чистотата во апартманите, редовната дезинфекција како и брзата адаптираност на новите предизвици кои ги наметна пандемијата.

Овие апартмани се совршен избор за она категорија на туристи кои бараат организираност и исполнето време. Во склоп на апартманите има базен на располагање на гостите, непосредно сместувањето се наоѓа и самата плажа.


Ивана вели дека ваквиот концепт на работа се покажал како совршен. Секој турист кој преку ден ужива на крајбрежјето со книга или пиво во рака, може да го искористи слободното попладне со многуте атракции кои ги нуди.

Покрај горенаведените тури, се организираат катамарански авантури и бродски тури.


Ако не прашате нам од Кајак.мк ние би се качиле на Галичица со АТВ тура и би уживале во прекрасното зајдисонце над Охрид. Но сепак, овде станува збор за вкус.  

Кога сме кај вкусови, сигурни сме дека нема жена која не би му дава значење на Охридскиот бисер. Ивана вели дека нејзината пасија кон охридскиот бисер ја поттикнала да навлезе во истражувањето и проучувањето на ова скапоценост. Денеска таа самата преработува и продава квалитетен и оригинален охридски бисер.

Доколку сакате да ја запознаете Ивана, можете да кликнете овде „
Park Diamond Apartments“ и да стапите во дирекна вибер комуникација со неа.


Ова сместување се наоѓа на 4 километри од градот во мирно соседство. Од апартманите до центарот на градот има пешачка патека по која за 15 минути би биле во центарот. За патниците кои бараат сместување во раздвижена област, имајте предвид дека во склоп на плажата се наоѓаат познатите кафулиња како „Парк Голден Бич“ и „Егоист“ што ви дава до знаење дека овде нема да ви биде досадно. Исто така има и тениски терен кој може да го изнајмите со или без опрема од апартманите.

Сигурно веќе сте заинтересирани за повеќе информации и резервации? Доколку ви треба сето ова, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.