13.12.2020

Престојувајте во автентична Крушевска вила која е заштитена од градот

Престојувајте во автентична Крушевска вила која е заштитена од градот

Во светот се повеќе се развива концептот за патување и престојување во приватни сместувања кои дишат историја. Сместувања кои и покрај различниот развој на историјата се уште го негуваат автентичниот стил. 

Крушево според нас е место кое вреди да го посетите и на лето и во зима. Кога е топло може да летате со параглајтер, а кога е мраз може да го посетите ски центарот.

Тимот на Кајак.мк настојува вашите одмори низ Македонија да бидат што е можно физички поактивни. Затоа и во преден план ни се сместувања на локации кои нудат доста атракции. Во Крушево освен скијањето, развиен е и планинарскиот велосипедизам, параглајдингот, возењето со кајаци, јавање коњи и ред други работи. 

Крушево има и својата историја, а покрај историјата има и својата верна архитектура. Оттука сакаме да се надоврзиме и со нашата нова вила која од денеска ја има во нашта база, а тоа е вила Верде.

Стара автентична крушевска куќа која е заштитена од градот во однос на надворешниот изглед. Внатре е целосно реновирана и приспособена за хостелско сместување со посебно внимание да не биде изгубен стариот домашен шмек. Покрај сместувачкиот капацитет, вилата располага со два огромни двора што е реткост за куќите во Крушево.  Вилата е недалеку од прекрасната борова шума и ски лифтот. 

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата, погледнете повеќе фотографии и извршите резервација, кликнете ОВДЕ. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.