17.11.2023
Јас сум еден од првите производители на мед со тартуф во Македонија
Јас сум еден од првите производители на мед со тартуф во Македонија
За да станете ловец на тартуфи во Македонија не е потребна само желбата, туку овде зборуваме за нешто многу повеќе, а тоа е трпението и упорноста. Ловот на тартуфи пред се е хоби, љубов кон планината и природата, желбата да бидете физички активни во слободното време и желбата да ја искористите природата на начин на кој таа заслужува.
Денеска тимот на Кајак.мк ве запозава со уште еден локален херој кој го отвори својот свет за Кајак.мк и ја раскажа својата приказната за неговите почетоци и за неговите производи кои денеска ги продава на пазарот. Неговиот мед со тартуф за кој денеска пишуваме можете да го нарачате преку бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Јованче вели дека уште како дете во секое слободно време од денот собирал печурки, нешто што нему му претставувало огромно задоволство. Со текот на времето истражувал за печурките и дошол до информација дека постојат подземни печурки кои се многу ретки и се бараат најчесто со помош на дресирани кучиња, а тие печурки биле тартуфите.

Желбата да пронајде тартуф кај него растела од ден на ден. Окупиран од желбата да прерасне во ловџија на тартуфи, Јованче одлучил да купи кученце кое подоцна ќе го дресира во лојален партнер во потрагата по “црното злато“. По долгиот процес на дресирање, посветеност и трпеливост, Јованче се впушта во потрагата по македонски планински тартуфи.

Јованче вели дека тартуфот го бара низ планинските и ридските делови низ Македонија, а покрај тартуфот тој се занимава и со пчеларство што му дава извонредна можност да ги комбинира двата производи во едно доста здраво, вкусно и корисно залче. Затоа, денеска тој е познат кај своите блиски по медот со тартуф кој го произведува. Интересот за мед со тартуф е голем, а со тоа расте и неговата побарувачка која го докажува квалитетот на овој производ, вели Јованче.
Неговиот производ
можете да го погледнете во бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.