12.04.2022

Засадивме нови 1500 дрвца заедно со Miracle Mill

Засадивме нови 1500 дрвца заедно со Miracle Mill

Ако нè прашате на што најмногу се радуваме во Кајак, тогаш нашиот одговор би бил најмногу сме среќни на фактот што се повеќе компании ни се приклучуваат на нашите „еко тим-билдинг“ настани кои ги организираме се со цел да засадиме нови дрвца. Втора причина поради која сме радосни е моментот дека на повеќето од акциите гледаме исклучиво млади и амбициозни луѓе кои сакаат да направат нешто добро за Македонија.


Компанија со доста млади, позитивни и среќни луѓе која викендот (ден пред дождот, што нè радува :) засади нови 1500 дрвца е Miracle Mill. Нашиот автобусот полн со позитивни мисли, успеа во еден ден да направи среќни многумина. Ги направи среќни самите вработени поради како што велиме ние „добрината која ја направиле со пошумувањето“, го направи среќно локалното население, но и произведувачите на слатко и вино.


Покрај акцијата за пошумување, ние ја посетивме и фантастичката „Royal Winery Queen Maria“, каде денот го заокруживме со дегустација на вината кои ги произведува винаријата. Овде ги набројуваме Шардоне Равин, Розе Ендлес Пашн, Кабернет Совињон Равин, Мерлот Равин и Мускат Отонел Класик.


Среќни сме што ги запознавме Miracle Mill. Драго ни е што во Македонија има работници како нивните и од денеска им посакуваме топло „Добредојде“ во нашето големо „ЕКО- СЕМЕЈСТВО“.

Повеќе фотографии од акцијата можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.