24.09.2020
Смоларскиот водопад е висок колку што е вашата желба да го посетите
Смоларскиот водопад е висок колку што е вашата желба да го посетите
Кајак.мк ве води до Смоларски водопад кој е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Ова природна туристичка атракција вреди да се посети, но и вреди да се чува чиста. Затоа Кајак.мк ве советува дека при посетата на ова место со вас е препорачливо да понесете хартиена кеса во која ќе го чувате вашиот отпадок и истиот вратите назад. Фотографиите кои ги споделуваме ни ги испрати Јованџикова Виолет, која знае како да го искористи слободното време за патување во сопствената земја.
Сигурно се запрашувате која е височината на Смоларскиот водопад? Нашиот наслов говори дека височината и убавината ја одредувате вие, метафорично, бидејќи доколку ги вреднувате природните убавини на нашата земја, овој водопад можеби ќе биде за вас најубавиот од сите што сте ги посетиле.
Инаку оригиналната висина изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски водопад.
За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството.

На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Овој пазар беше отворен во Јануари 2007 година каде месното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор на пазарот продолжувате со искачување до водопадот.
Извор: Википедија
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.