02.02.2021
Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!
Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!
Тимот на Кајак.мк во изминатиот период прошета низ многу места на Пелистер, а верувајте дека ова е само почеток на нашиот патувачки караван. Од реакциите коишто ги добиваме, знаеме дека на многумина од вас не им се верува верува дека сето ова го имаме во Македонија.
Кога зборуваме за престојот за врмее на одморот, многу е важно да се направи разлика помеѓу класично сместување и сместување во објекти кои се “здушени“ со самата околина.
За да се почуствува духот на дестинацијата која ја посетуваме, битно е каде ќе престојуваме, со кои луѓе ќе разговараме, што сакаме да дознаеме, што треба да научиме. Овој мал семеен хотел за кој многумина од вас сигурно сте слушнале „Шумски Фенери“ е еден од таквите кои сами раскажуваат за планината Пелистер. Зошто ви го препорачуваме хотелот? Затоа што, хотелот има се. 
Да почнеме од најосновните информации. Тој се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер и е на 4 километри од градот Битола. Планинските предели кои се фантастички во текот на цела година, чистиот планински воздух и најважно од се уникатно дизајнираните соби кои даваа чуство на планинско бегство од реалноста, се она што не купи. 
Она што треба да го знаете е дека секоја соба е опремена со сателитска телевизија, фрижидер и бања со фен, централно греење и клима уред. Сите соби обезбедуваат врвен поглед на долината и градот или кон планината.
Како што и кажавме, периодот на посета не е толку битен бидејќи овде има што да се прави 365 денови во годината. Но за тоа што да се прави, ќе ви кажеме подоцна.
Хотелот има и рестотан, можеби и омилениот простор од објектот на повеќето гурман-туристи. 
Треба да знаете дека и покрај тоа што престојувате во хотел, во кујната работат мајстори кои знаат како се прави добар домашен појадок. Наш совет е да дегустирате планински мед и домашен мармалад. Планина е, па се подразбира дека е добар. 
Освен кујната, хотелот има уште едно добро катче во ресторанот каде се наоѓа гуши камин покрај кој има совршена атмосфера за да читате книга. Хотелот можете да го резервирате на телефонскиот број: 047 293 030
| Повеќе информации за хотелот можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.