28.04.2020
Зошто треба да ги подигнеме затворените капаци на прозорецот на авионот пред слетување?
Зошто треба да ги подигнеме затворените капаци на прозорецот на авионот пред слетување?
Ако сте чест патник на авиокомпаниите, најверојатно сте слушнале дека членовите на екипажот ве замолуваат пред слетување да ги подигнете затворените капаци на прозорците на авионот, доколку седете до самите прозорци. Можеби и многумина од вас коишто во моментот го читаат текстот се имаат запрашано зошто е потребно тоа? Експертот за воздухопловство Џон Валтон објаснува за овој случај.

| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот |
„Зошто бараме да ги подигнете затворените капаци на прозорците на авионот?“
Не само што ќе ви дадеме подобар поглед од прозорецот при слетување, туку има и корист сето ова. Како и многу други за вас „чудни“ работи коишто ги правиме при летот, така и отварањето на затворените капаци на прозорците на авионите е за ваша безбедност. Како прво доколку е надвор ден, целта од отварањето на капаците на прозорците е за да вашето око се навикне на светлината надвор, каде по излегувањето од авионот нема да имате проблем и да трепкате. Истото важи и за ноќно патување. Дали сте забележале дека пред да слетиме се намалува светлината во авионот, се со цел да се прилагодите на темнината надвор.
Второ, отварањето на капаците им помага на стујадресите да внимаваат за тоа што се случува надвор од авионот. Честопати седиштата на екипажот се свртени кон патниците, се со цел да забележат доколку настане некаков надворешен инцидент.

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате? |
Дали отворањето на капаците на прозорците помага во итни случаи?
Екипажот на кабината добро обучен да ги отвори сите капаци за помалку од 90 секунди доколку е потребно. За време на обуката екипажот учи да процени што се случува надвор од авионот и треба да знае дали мора итно да се реагира. Држењето отворени капаци во ретки случаи може да помогне да се забележи доколку надвор има чад, каде во тој случај се активираат дополнителните излези на авионите, што на некој начин е поголема безбедност за патниците.
| МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.