11.08.2020
Можеби не сте знаеле за македонското Тресонче?
Можеби не сте знаеле за македонското Тресонче?
Тресонче — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Селото се наоѓа на Тресонечка Река, која извира во близина на селото. До селото Тресонче води асфалтен пат кој се двои од месноста Бошков Мост од регионалниот пат Дебар — Маврово и продолжува по текот на Мала Река. Патот до селото Тресонче се двои од овој пат и освен до него, води и до селата Росоки и Селце. Се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река, која извира во непосредна близина на селото. Оддалечено е 22 километри источно од градот Дебар.

Син Вир
Фото:
@neistrazhenamakedonija
Од
северната страна Тресонче е заградено со врвовите Брзовец и Пешкопеја, од исток
со Шкрка (Дајдовец) и од југ со ридовите кои почнуваат со Думостол и завршуваат
со карпата Соколица. На југ од Тресонче се наоѓа селото Лазарополе.
![]()
foto:Petrovskyz
Климата
во долината на Тресонечка Река е континентална, а на високите места планинска,
односно алпска, која се одликува со големи врнежи снег. Селото се наоѓа во
рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала
со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно
селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во
Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина
Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и
Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
![]()
foto: Petrovskyz
ШТО
ТРЕБА ДА ПОСЕТИТЕ:
Цркви
·
Црква „Св. Петар и
Павле“ — главна селска црква, изградена 1844 година
·
Црква „Св.
Никола“ — изградена во XVIII век
·
Црква „Св. Јован
Крстител“ — црква во селото
·
Црква „Св. Петка“ —
параклис надвор од селото
![]()
foto: Petrovskyz
Археолошки наоѓалишта
·
Кадиевци —
средновековна некропола
·
Петрева Ливада —
средновековна некропола
·
Римски Гробишта —
средновековна некропола
Природни наоѓалишта
·
Алилица — пештера
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.