07.08.2020

Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди

Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди

Запознајте го Марко, а некои наши читатели/патници веќе го познаваат од #insta како @markomons. Човек кој сака да го живее моментот со стил, а по своите фотографии на инстаграм, обожава и да патува. Можеме да забележиме доста објави од патувања надвор од државата, но како што вели тој поради пандемијата од коронавирусот, време беше да се посветиме малку #ДОМА. 


Периодот кој измина тој го искористи за кампување со своето друштво на Бистра, за како што вели тој е одлично искуство. Додава дека порај Бистра, секое кампување било каде и со кого е уникатно. Чувството на изолација и слобода кога си на планина сам е неспоредливо со кампувањето во кампови, вели тој.


Ноќта кога ги направил фотографиите коишто ги гледате, била доста мирна и без облаци. Месечината покасно излегла, со тоа што имал идеални услови за фотки од млечниот пат и кометата Neowise која била уште малку видлива.


Тој додава дека апаратот за фотографирање го носи постојано со себе. Ранецот, како што вели тој, го “влече“ во случај ако излезе нешто интересно да може да го овековечи моментот, како што се и фотографиие на Бистра.


Бистра е планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и атрактивна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска РекаГарска РекаМала Река сè до Бошков Мост.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.

Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!

Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.