09.09.2021
Вила на Маврови Анови во која секој би сакал да престојува
Вила на Маврови Анови во која секој би сакал да престојува
Дождот и падот на температурите не поттикнаа да започеме да размислуваме на која планина би можеле да скршнеме во месеците кои ни престојуваат. Ние од Кајак.мк сме веќе сигурни дека за престојната есенска и зимска сезона имаме доста уникатни места во кои може да престојувате со вашите блиски.

Една од многуте вили кои се меѓу нашите омилени е вила Ризанди, која може да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. Вилата нуди прекрасен поглед кон Мавровското езеро, а има уникатно и фино скоцкано дворче каде може да ги поминете последните сончеви денови и да го нахраните вашето тело со витамин Д.

Домаќините на вилата велат дека да се престојува во ова вила е предност поради фактот што на само неколку метри има продавници и ресорани кои работат во текот на цела година.
Внатрешноста на вилата е модерно опремена. Од камин во дневната соба кој е идеален за време на снежните денови, до централно греење во цела вила, модерно опремени спални соби и кујна со комплет прибор за подготовка на храна.

Покрај мавровското езеро, на 150 метри се наоѓа Врбенски Пат за оние кои се љубители на планинарењето, а реката Радика е на околу 7 километри.
Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Sonja Bozhinovska
11.09.2021 11:26
Изгледа прекрасно, природата, куќата , моменти за уживање и опуштање.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.