13.07.2021
Хотел во Крушево на локација идеална за активен туризам
Хотел во Крушево на локација идеална за активен туризам
Во пресрет на фестивалот „When in Krushevo“ тимот на
Кајак.мк направи обиколка се со цел да ве запознае со сместувачките капацити со
кои располага градот идеален за активен туризам.
Крушево е град кој нуди доста атракции преку цела година. Од јавање коњи, параглајдинг, кајакарење, па се до изучување на историјата, уметноста и традицијата.

Непишано правило е дека секој кој живее во Македонија мора барем
еднаш во животот да го посети и да престојува во градот.
Ние денеска ќе ве запознаеме со домаќинката Ирина, која ги
отвори вратите на хотел Скоприон за патувачите на Кајак.мк.
Нејзиниот хотел се наоѓа наспроти спомен куќата на Тоше Проески и е идеален за секаков тип на гости. Објектот се наоѓа во прекрасна околина, а просториите нудат извонреден поглед. За туристите кои сакаат мирно опкружување и тишина, тоа ќе може да го добијат овде.

Хотелот се наоѓа веднаш до шумските патеки, што преставува
идеална појдовна точка за сите активни туристи. Се препорачува и на фамилии
поради комфорот, храната која се служи во ресторанот и дизајнираниот ентериер.
Хотелот е опкружен со најзначајните музеи и споменици карактеристични за Крушево како и природа.

Во непосредна близина се Спомен куќата и гробот на Тоше
Проески, споменикот Македониум, споменикот на Никола Карев, музеј на НОБ, Крушевско
езеро, спортски терени за фудбал, тенис, финтес на отворено, спортска сала,
детско игралиште и месноста Гумење.
Доколку сакате повеќе информации, контакт и фотографии од хотелот кликнете ОВДЕ.

Foto: Ali Nuredini
Доколку се одлучите за престој во хотелот, ова се дел од турите кои може да ги организирате:
Хотел – Музеј на НОБ – Корзо – Езеро - Хотел (приближно време 30 минути)
Хотел – Спомен куќа на Тоше Проески –Гумење - Гроб на Тоше Проески – Споменик
Македониум – Корзо – Езеро - Хотел (приближно време 30 минути)
Хотел – Црква Св. Недела – Езеро – Хотел (приближно време 30 минути)
Хотел – Бегова Корија – Ски Центар Станич - Хотел (приближно време 1 час 30 минути)
Хотел- Бегова корија – Месност Слива – Езеро - Хотел (приближно време 2 часа 30 минути)
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.