31.03.2023
Balko Crafts: Од страст до експанзија на креативност
Balko Crafts: Од страст до експанзија на креативност
Последниот работен ден во неделата го посветуваме на една млада
хероина која за тимот на Кајак.мк е пример кој треба да го следаат сите млади
во Македонија. На нашиот список на луѓе кои прават мали нешта од огромно
значење за развој на туризмот ја додаваме Јована Балкоска, девојката која стои
позади брендот Balko Crafts.
Јована ни ја раскажа својата приказна за настанокот на Balko Crafts, кој денес е бренд што ги разубавува секојдневните моменти на многу луѓе во Македонија.

За Кајак.мк вели дека приказната за Balko Crafts ја
започнува пред три години, предводена од нејзината љубов кон креативноста и
желбата да шири радост преку нејзините рачни изработки и накит. Сѐ започнало
како предизвик, со цел да дознае
колку далеку може да ја однесе нејзината креативност преку производите кои ги изработува за
нејзините клиенти.
„Од тежок почеток, со само една или две нарачки, како што минуваше времето исполнето со труд, љубов и упорност мојот бизнис стекна поголема популарност, при што заинтересираноста за накитот, приспособените цртежи на торби, чаши и други додатоци што ги нудам, вртоглаво порасна“, вели Јована и додава дека секое парче е направено со грижа и внимание на деталите, осигурувајќи се дека секој клиент ќе добие нешто што е навистина уникатно и прилагодено на нивните преференции.

За неа, вистинското задоволство од водење на овој бизнис
доаѓа од радоста што ја предизвикува кај клиентите. Секогаш е инспирирана од нивните
повратни информации и критики што ги добива и тоа ја мотивира да продолжи да ги
поместува границите на креативноста. Вели дека секое произведено парче е нов
дострел за неа.
Јована вели дека ќе продолжи да истражува нови техники и материјали, како што тоа го прави досега. Секогаш бара начин да вметне новитети во работењето кои ќе и помогнат да ја прошири својата креативност.

„Без разлика дали преку испробување на нови дизајни или
експериментирање со различни материјали, јас постојано учам и растам како
уметник. Balko Crafts за мене е повеќе од само бизнис, тоа е одраз на мојата
страст за креативност и мојата посветеност. Секоја нарачка ми дава можност
уметнички да се изразам и да внесам малку радост во нечиј живот. Навистина е
чест да можам да го правам она што го сакам и да го споделам со другите“, вели
таа.
Производите на Јована можете да ги погледнете и да ги купите преку „Бакалницата на
Кајак“. По секоја нарачка ќе бидете
дирекно контактирани од Јована за деталите и дизајнот. Повеќе информации
можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.