09.08.2021
Изработувам „Македoнски мандалии“ за спокој и мир на душата
Изработувам „Македoнски мандалии“ за спокој и мир на душата
Во ера на дигитализација, мобилни телефони и интернет, се поретки се луѓето кои практикуваат традиционално хоби, а кое го наследиле од своите предци. Корените на еден народ се идентификуваат од обичаите и секојдневниот начини на живеење. Но она што не радува е фактот дека во Македонија се уште има луѓе кои може да ја раскажат традицијата преку своите ракотворби. На повеќето од луѓето кои ги познаваме ова им е само хоби за исполнување на слободното време, но не и главен начин на егзистенција.

Таква е приказната
на една од нашите нови локални хероини која и ден денес го практикува рачното
плетење. Станува збор за Елизабета. Скромна и креативна битолчанка која поривот
за творењето го црпи од љубовта кон семејството и нејзиниот град.
Елизабета за себе вели дека е голем вљувеник во Битола, во историјата, традицијата и наследството на градот. Нејзините најблиски пак, за неа велат дека е искрена, чесна и стабилна жена која живее за да создава добрина.

Плетењето отсекогаш ѝ било хоби и активност во која си го
наоѓала мирот. Вештината за плетење
ја научила уште како мала, но во животот не пронашла доволно време да се
посвети на ваквата креативност.
Неодамна, барајќи
начин да како да го надополни слободното време со активност која ја опушта, таа
започнува да произведува интересни и оригинални креации кои би си го
нашле местото дури и во туѓи домови како рачни уникатни изработки.

Вештината ја научила од мејзината
баба и тетка, по што вели дека ја
продолжила семејната традиција на плетање. Она по кое можеби се разликуваат
нејзините дизајни од претходните, е фактот дека Елизабета ги збогатува со духот
на денешницата и
им дадвс извесна современост и актуелност.

За неа плетањето е мир и радост. Кративна
терапија која дава чувство на исполнетост и гордост по секој завршан проект. Досега
не размислувала за продажба на ваквите уникнатно дизајнирани производи, но вели
дека во скоро време ќе отпочне да ги споделува преку социјалните мрежи, како би
се привлекло повеќе интерес за традиционалните ракотворби.
Секој парче има
свој дизајн и боја. Сите тие се изработуваат во различни големини. Најчесто се
употребуваат конци во разни бои, а за да се поизведен едно парче потребна е
работа од два дена. Доколку се избира име, ваквите дизајни би се нарекле
„Македoнски мандалии“.

Засега се уште не се достапни дирекни канали за
комуникација со Елизабета, но секој кој е заинтересиран да стапи во контакт со
нејзе, може да се обратите до нејзината ќерка Софија, со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.