18.10.2020
Бигорски манастир слави 1000 години постоење
Бигорски манастир слави 1000 години постоење
Бигорски манастир слави 1000 години постоење. Манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само мала црква. Кајак.мк ви препорачува да го посетите манастирот, но не за време на гужва, туку кога е пријатно да престој. Така ќе ја почуствувате традицијата и уметноста на самиот манастир. Воедно ви препорачуваме и места во околината во кои можете да престојувате, ги имате на крајот на текстот.
Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година од страна на јеромонахот Иларион, кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во православието иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои по својата вештина на обработка на дрвото останале ненадминати и до ден-денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката од село Гари, со својата тајфа, и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кусо време, од 1830 до 1835 година.
Предлог за престој во село Јанче: Хотелот Тутто ја има една од најдобрите локации во Македонија |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
