25.06.2021
Едно од најдобрите сместувања на Пониква скриено во густа шума
Едно од најдобрите сместувања на Пониква скриено во густа шума
Ова што надвор ни се случува е вистинско лето. Дел од вас ваквите температури ве поттикнуваат да појдете на море или езеро, а дел од вас ваквите температури ги решавате со бегство на планина. Денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Влатко, чие сместување е идеално за втората категорија туристи. 
Влатко ја оддржува во живот приказната за „Осоговска Куќа“ која е дел од базата на Кајак.мк. Во „Осоговска куќа“ има ресторан и соби за изнајмување, а она што е доста уникатно е фактот дека таа е на некој начин вистинско скривалиште помеѓу аришовата густа шума. Се наоѓа на 1260 метри надморска височина, на 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква.

Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква. Околината на вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Храната во вилата Осоговска Куќа се подготвува во ресторанскиот дел кој работи секој ден.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, тогаш кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Monika Shtereva
27.06.2021 15:25
Ve molam za ponuda za vikend od petok do nedela za trojca vozrasni i dve deca 4g i 7g.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.