10.10.2020

Етно вила во Мариово за тотална изолација

Етно вила во Мариово за тотална изолација

Огромен број од патниците кои постојано читаат совети од нашиот тим, ни бараат изолирани објекти каде би можеле да се “сокријат“ од технологијата. Наш одличен еко совет е да ја посетите вилата „Тереза“ која да не бидеме погрешно сфатени, ама се наоѓа на “крајот“ на светот. Вилата се наоѓа во селото Зовиќ, Мариовско на 680 метри надморска височина и на 52 километри од градот Битола.

До самото село води асфалтен пат, а наш совет е да не избрзувате со посета и резервација, туку да причекате до месец април, кога овој предел го зафаќа пролетта и кога навистина има што да се прави.


Во текот на есенските и зимски денови, не ви препорачуваме да престојувате во селото освен на еден ден доколку сакате да го посетите „Стариот камен мост“ за кого ќе ви кажеме подоцна. Селото е со помалку од 20 жители, што ви дава до знаење дека е одлично место за потполна релаксација. 

Во вилата има две спални соби, дневен престој, опремена кујна, а сето ова е во етно, староградски амбиент. 

Во селото нема супермаркети и продавници. Етно куќата во центарот на селото работи за време на викендите и со претходна најава. 

Доколку сакате да добиете повеќе информации или да се запознаете со сопственикот Митко, можете да се јавите во работно време на: 071 206 757

Броеви за итни случаи во Македонија

192 Полиција
193 Пожарна
194 Брза помош



НАШ ПРЕДЛОГ: 

Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.