05.04.2021

Патував сама и пеш од едно во друго македонско село бидејќи сум заљубена во ова што го правам

Патував сама и пеш од едно во друго македонско село бидејќи сум заљубена во ова што го правам

Пандемијата ги затвори сите врати на нашите омилени кафулиња, но ни ги отвори вратите кон нови светови. Таа не натера да го истражеме тоа што сме го имаме дома и да станеме деталисти. Полека почнавме да се заљубуваме во помалите градови и села, да истражуваме како живеат мештаните и да каснеме од тоа што тие го јадат.


Нашето мото „Бидете туристи на начин на кој локалното население живее“ го живее своите убави денови во Македонија, а се надеваме дека годинава ќе го прошириме и надвор од нашите граници.


Среќна што многумина започнаа да се интересираат за селата е и Кристина Паскоска, која со ова се бави веќе долкго време. Кристина ги запознава своите следбеници со историјата и духот на селата во Македонија. Дипломира како етнолог и антрополог и за себе вељи дека е заљубена во природата, танцот и музиката. Нејзината приказна за идејата со патописите ја поврзува со љубовта кон Македонија и антропологијата.


За себе вели дека ја доживува Македонија како мозаик составен од: природа, народи, религија, народни обичаи, музика, танци, уметност, просвета, фолклор итн. Како дел од богато развиеното културно нематеријално и материјално богатство. Нешто што вреди да се штити, да се чува, одржува и на вистински начин да се сака. Во неа се исткаени планини, чист воздух-полни гради свежина, реки, извори, природни езера, развиен биодиверзитет, извезани ливади со разнобојни мириси и цветови.


Кристина ја вреднува плодната земја, развиеното земјоделство, сточарство, полјоделство, хортикултура. Нејзината цел е да посети што е можно повеќе места во државата и да ги раскаже на начин на кој таа ги доживува.

Додава дека Македонија има интересни села и градови, кои се приказна за себе и преку нив дознаваме за автентичноста на нашата земја во минатото и сега. Секое село и град, нанижано како бисер ја разубавува секоја нејзина страна. Нивната местоположба, богатата архитектура, историја, природа, секое сокаче, калдрма создава поезија.


Од досегашното нејзино искуство, смета дека постојат повеќе начини за промовирање на селата. Од изработување на една статистичка табела до нивно сместување по категории. Пример: некои од луѓето сакаат кога им се раскажуваат преданија, митови, легенди и интересни приказни поврзани со селото за кое станува збор, вели Кристина.


На нејзиниот блог https://mekammk.wordpress.com/ можете да најдете многу интересни приказни за многу места во Македонија. Таа ги опишува сите детали со што ја лови душата на селото. Раскажува дека имало многу интересни патешествија и авантури од нејзиното теренско истражување. Ги потенцира истражувањата кои ги правела во Преспа, каде сама поминувала километри од едно во друго село и сето тоа пеш.


Се сеќава кога била сместена во селото Долно Дупени и од каде се упатила кон селото Љубојно преку скратен пат, кој го носи називот Рудина. Овој пат таа го поминала пеш и сама.

При влегувањето во селото, барајќи соговорници, еден од мештаните ја прашал како стигнала до селото, а таа одговорила сосем сама и пеш. По што тој поставил прашање: Па како едно девојче оди сама, зарем не се плаши, а нејзиниот одговор бил: „Јас сум Антрополог. Тогаш се здобивам со моќи на супер херој“.

Нејзиниот сајт можете да го посетите со еден клик овдеhttps://mekammk.wordpress.com/

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.