15.05.2021

Ги откриваме тајните на Охридско езеро на уникатен начин

Ги откриваме тајните на Охридско езеро на уникатен начин

Ни доаѓа сезона на испишување многу патувачки приказни, особено ако се земе предвид дека значително ни се намалуваат бројките на заразени од Ковид-19 и ако се земе предвид дека туризмот полека но сигурно ни се враќа на големата врата.

Нашите патувачки приказни се поврзани со локални херои кои дават се од себе за промоција на локалниот туризам. Девојка која од денеска е на на нашата листа со луѓе кои туризам значат е Ивона Вељаноска. Таа неодамна организираше еколошка акција за чистење на Охридското езеро со СУП даските на нејзиниот клуб – СУП Клуб.


За Кајак.мк ја раскажува својата приказна и почетоците кои ги имале со својот брат Владимир во развојот на една нова атракција во Охрид.

Ивона вели дека на даски се од деца, кои во тоа време биле дрвени и наменети за веслање и пловење.


За првпат застанале на даска сосема случајно кога блиски роднини ги посетиле во Охрид. Во тоа време СУП-от бил нешто сосема ново за нив.

Од 2018 се развила нивната пасија кон овој спорт, па како што растел нивниот интерес, започнале да се организираат тури и тренинзи.


Првите две години работевме претежно со странски туристи кои веќе беа запознаени со овој спорт, а од минатата година не изненади големиот интерес од домашните туристи, вели таа.

Ивона и Владимир пораснале во рибарската населба Канео. Цел живот се занимават со пливање, едрење, веслање скив и кајак. Таа има неколку победи на интернационални веслачки регати со скив, а Владимир повеќе од 10 години тренира професионално кајакарство на мирни води. Како јуниор има бројни победи и успеси на меѓународни првенства низ Европа и Балканот, а како сениор учествувал на две светски првенства и едно европско првенство како репрезентативец на Македонија.


Секое веслање СУП во Охрид е авантура сама по себе, вели Ивона. Таа додава дека во Македонија има бројни неоткриени природни убавини и места што вреди да се посетат и искусат на еден ваков необичен начин. Охридското езеро е едно од идеалните места кои се доста безбедни и со одлилчни временски услови.

Ивона ужива во времето поминато на турите и бројните поизтивни реакции на туристите и како тие ја доживуваат нашата земја и култура.

Странските туристи најмногу ги привлекува мирот и тишината. Исто така, панорамските погледи и необичниот спој на планините, езерото и градот се она кое го купува секој турист.


Повеќе информации за клубот на Ивона може да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.