21.04.2020
Рим слави 2773 години: Ова се 10-те факти кои можеби не ги знаете
Рим слави 2773 години: Ова се 10-те факти кои можеби не ги знаете
Според легендата, вечниот град, Рим, бил изграден на 7 ридови. Низ историјата, овој град попримил многу влијанија, поминал низ многу возбудливи приказни, за на крајот да го добие денешниот, модерен изглед. Но, сигурно постојат факти за прекрасниот Рим кои не сте ги знаеле...
1. Роденденот на градот кој бил подигнат во 753 година п.н.е., се прославува секоја година на 21. април. Прославата вклучува огномети, гладијаторски борби, традиционални римски прослави и паради.
@milljestic
2. Пантеонот, кој бил подигнат во 27 година п.н.е. од Маркус Агрипа е единствениот споменик од античкиот Рим кој до ден денешен е останат во својата интегрална форма. Уште помалку е познато дека таму се погребани италијанскиот крал Виторио Емануеле II и неговиот наследник Умберто I.
3. Еден од парковите во Рим се вика „Паркот на чудовиштата“. Името не се должи на опседнатоста со демони, туку на фактот што во паркот се поставени бројни гротескни фигури, како што се на пример грубиот Херкул кој совладува Амазонка, како и џин, со толку голема уста што низ неа може да се помине.
Cristina Gottardi
4. Бањите Каракала денес се во многу лоша состојба, но во екот на Римската Империја во нив можеле да се услужат по 1.600 гости одеднаш. Тие се најубавиот потсетник на империјалната ера.
5. Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.
@fkaymak
6. Базиликата на Св. Петар, која се наоѓа во Ватикан, е најголемата црква што некогаш била изградена.
7. Колосеумот, кој во славните денови имал капацитет од 50.000 посетители, е едно од Седумте светски чуда.
8. Во монументалните гробишта на Браќата Капуцинери се искористени коски од преку 4.000 монаси, од кои дел се и целосни скелети, за создавање симболични уметнички дела во капелите.
9. Комплексот музеи во Ватикан е најголем во светот и се состои од преку 1.000 музеи, во кои се изложени најразлични ремек-дела.
(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Интересни факти за најмалата држава во светот– Ватикан )
10. Базиликата на Св. Петар била најимпозантна градба во градот речиси 1.000 години, но околу 14-от век започнала да попушта пред забот на времето. Во следните два века била целосно реконструирана и обезбедена. Во оваа импозантна градба свој печат имаат оставено дел од најголемите италијански уметници на сите времиња, вклучувајќи ги тука и: Микеланџело, Рафеал и Мадерно.
А МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА: 10 интересни факти за Колосеум
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.