03.02.2022

Мајка ми ме научи да изработувам уникатни свеќи

Мајка ми ме научи да изработувам уникатни свеќи

Ако ви е досадно после работа, тогаш време е да започнете да размислувате дали треба да практикувате некое интересно хоби, кое можеби ќе ви донесе дополнителна заработка. Нашиот тим верува дека секој умее да научи нешто ново во животот, да прифати нови предизвици и ги промени своите гледишта кон работите.


Февруари ќе го посветиме на жените кои се пример дека хобито може да ви донесе дополнителна заработка. Денеска ќе ве запознаеме со Јелена Ѓиноска, жената која по професија е специјален едукатор и рехабилитатор, а во слободно време обожава да пишува поеми, да дополнува текст во театар и да ужива во уметноста.


Пасијата кон пишаниот збор на некој начин ја доближува до идејата да отпочне со изработка на свеќи кои ќе и го разубавуваат амбиентот во нејзиниот дом.

На почетокот свеќите ги изработувала за себе и процесот на изработка и преставувал одмор, но со тек на време кога кругот на луѓе што знаат дека таа изработува свеќи почнал да се проширува, а со тоа добивала и повеќе барања за изработка на свеќи за продажба.


Денеска нејзината понуда се состои од најразлични свеќи кои дел се од претходно купена модла, а дел се дизајнирани според нејзина фантазија. Таа вели дека сака да експериментира, па од тие прочини честопати знае да додаде разни бои, мириси и додатоци, бидејќи самите купувачи знаат да го проценат тоа и бараат од неа свеќите да бидат поразлични.


Свеќите ги изработува од восок од парафин и соја за која вели дека тешко се наоѓа, но би сакала целокупниот процес да биде исклучиво со соја. Во процесот на изработка на свеќи вклучува разни модли, бои за свеќа, ароматични мириси, фитиљ обложен со восок и доколку купувачите саакаат дополнителни додатоци како полудраги камења, мунистри, златни или сребрени подлоги и слично.


Јелена вели дека ваквиот занает го наследила од својата мајка. Таа изработувала поедноставни свеќи и сапуни за лична употреба. Со тек на време уникатноста и начинот на кој се изработуваат свеќите ја поттикнало Јелена да се вложи повеќе во работата.

Вели дека конкуренцијата е доста голема па затоа се труди да биде поразлична од останатите.

Доколку сакате да купите од нејзините производи, посетете ја страницата Freya Flames, а наскоро нејзините производи ќе бидат достапни и во базата на Кајак.мк.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.